Варам праз компирче и морковче блендирам со 1 лажиче маслоново и додека е уште топло ставам сирење младо не солено да се стопи
Д: палента со урда. У: овошен јогурт од малина, цреша, и банана. Р: телешко, киноа, морков, кромид, лук и м.масло. В: бебе сутлијаш.
Дајте идеја за 11месеци сака сама да јаде типкава... Ручекот си го јаде вчера и дадов прв пат цвекло,ориз, брокула,пилешко, жолчка и јогурт секако кромид и лукче во сите ставаме се изеде се потепа за кашава... Ама Појадокот се тука па тука ни е Денес појаде палента и маслинки(конфи несолени)+ к.млеко Р:риба и брокула, компир, морков и кромидче и лукче У:смуди(банана, јаболка, вишна и јогурт) В:незнам
Спојлер: Снашката гурманче Инаку денешно мени 9+++ Д: Круша, јаболко малини и капини Р: пилешко, спанаќ, компир, кромид, црн домат, морков и маслиново масло В: 5 житарки со слива млечна каша на хип со АД. Да ве прашаме нешто. Веќе бебе не сака блендирано, па сега ќе давам друго мени. На пинтерест има убави идеи за blw рецепти. Една се палачинки од житарки со овесни снегулки, житна каша како на хип и оризова каша имаат и жолчка, банана, путер и АД млеко. Знам АД не се грее и готви, а таму е дадено се да се меша со малку вода и да се печат палачинки. Грешам или јогурт да ставам? Сега ја правам кашата за умрела доручек?
Д: кисело млеко со лепче, попара У: праска Р: компир, морков, брокула како чорба, со лепче (средина) интегрално В: овесни снегулки со банана @Presrekna Јас не и ја бледнирам храната веќе од 8м негде. И ја пасирам (освен месото нормално). А сега и поголеми залчиња и давам. Пробувам со едно залче, гледам си јади и продолжувам. А за палачинката не знам, немам искуство со Ад. @Мецаа91 Идеи за доручек Овесни снегулки со овошје ( банана, праски, цреши, кајсии) Мешано овошје, од овие горе набројани Попара, кисело млеко со лепче П Чоколино можеш да даваш, не секој ден, но одвреме навреме да Просо со банана, плус какао Палента со кисело млеко, изварка
Лепотица. Јас веќе некое време не блендирам. Јаде парчиња морков, брокула, компир, печени тиквички,леб. За палачинките стави јогурт. Вкусни ќе бидат секако.
Утре 10 месеци Д: јаболко, слива, цвекло и палента Р: готова каша од дм со лосос морков и ориз( и се допадна) В: палачинките премина во вафла со намаз( 1 жолчка, путер, 2 лажици мелени овесни снегулки 2 лажици холе 3 житарки малку 'Ржано брашно, пола банана и малку јогурт. Се измешав и ја испеков како вафла) намазот малку авокадо, банана, урми и по 2-3 зрна боровница и рибизла Пола ја изеде со касање другата ја помешав со намазот и 30мл АД и ја дадов со лажица.
П:Чоколино У:Лино флипс Р:Пилешко, компир, морков, кромид, тиквица У:Флипс и џиџи бебе В: Диетално, ни се спиеше и заспавме гладни , нејќе ни цице ни сокче
8+++ Д: Овесни снегулки со праска и суви кајсии Р: Брокула, компир, млад кромид и лук со телешко месо В: Сутлијаш со банана
на здравје нека е. И јас тоа го помислив. Кога веќе се дава омега или она рибино масло зошто па да не се дава риба. Туку ќе те прашував како ја подготви за прв пат и со што ја даде? Инаку денес нашето мени беше следно: П. Банана круша и праска Р. Палента со урда В. Гриз со малку јаболко малку праска и малку сок кој ми го кули сестра ми од бебевита. Слабо пиеме вода и течности па да се искористи на некој начин тура во кашите
10 месеци Д: праска, диња, кајсија и варено просо Р: блитва, морков, пашканат, компир, кромид и телешко месо У: переци од бебе готвач не ни проба В: бебе мусли на холе со АД Бебево не ми е спремно за ужина. И нудам не јаде. Се врти на цице. Переците си ги мезевме ние @marchi-cool ја варев прво рибата( ослич филети) кога беше при крај додадов зеленчук заедно да се доварат Зеленчукот го пресирав а рибата на ситни парчиња
Здраво мајки, да ве прашам какво сирење и урда давате на вашите најмили (од каде купувате и какви) ? Ние сме 11 месеци за некој ден и сакам да и дадам сирење и урда . Поздрав И да се надоврзам не темата: Д: просо, банана и млеко Р: телешко месо со компир, кромид, морков, лукче, тиквица и маслиново масло У: кашичка од слива В: јаболко, банана , бисквити и АД млеко
8+++ Д: Просо со банана и цреши Ни пола не го изеде, никако не сака банана во блендер, па подоцна јадеше со гризење пола банана Р: Пилешко со ориз, брокула, тиквица и лукче В: Палента со урда, омиленото.
9+ Д - банана , кајсија , слива Р - телешко месо + домат , компир , морков + макарони В - оризова каша
10+ Вчерашно мени П:Банана, жолчка У:Овошен јогурт од вишни Р:Боранија, пилешко, домат, праз, компирче У:Една вафла В:Лепче со павлака Денешно мени П:Лепче со кисело млеко У:Џиџи бебе Р:Зависи што ќе не послужи баба У:Флипс В:Ноќна каша или гриз
Како ги даваш макароните ? неколку пати ги правам во блендер (кратко за сецкани да излезат) ама бебе се гади ги плука и затвара уста. д : кисело млеко + круша + мулти житарки р: цвекло+ морков+компир+ кромид+ тиквица в : бебе сутлишаш + банана + цимет