Ручеков ни е во план за утре, вкусно ли е? Денес прв пат цвекло Д: цвекло,јаболко,банана,овес Р: полнета пипрерка: тиквица,брокула,карфиол,ориз,кромид и капаче од компир В: палента со јаболко За утре план Д: слива со семолина Р: ист како на кити +м.масло В: гриз+Ад
@kitty.m јас од овие давам , од поголеми се дави се уште, не ги мелам , кога ќе го смелам јадењето само ги додавам внатре
10+ Д: јаболко, круша, праска и овесни снегулки Р: компир варен, намаз, жолчка и моцарела В: млечна холе каша од спелта.
Многу убаво доаѓа цвекло во комбинација со телешко, морков и кромид. И мојов ручаше тоа, обожава. Јас не ставам компир ако ставам цвекло, ама секако не смета. И на секој ручек ставам маслиново и раат со какањето Д: манго, круша, банана Р: телешко, цвекло, кромид, морков и маслиново В: млечна каша од хељда Сега нарачав праз од беорг да стигне во четврток, па да ја направиме рецептата на @Adams неделава
10+ Д. Јаболко,круша и банана Р. Мисиркино месо,компир,морков,тиквица и брокула У. Лино смоки В. Кисело млеко со лепче Вчера и завчера дадов леќа за ручек за проба,не му се допаѓа, како ја комбинирате обично и каква давате црвена или зелена, ќе пробаме пак
Д: житарици, малини, авокадо и вишни. У: праска. Р: црвена леќа, кромид, лук, компир, морков, брокула и м. масло. В: палента со урда. @Septemvri Еве јас денес баш правев леќа со овие намирници баш како манџа е. Од маслиновото ставам додека се вари се' и баш е вкусно. Пробај.
9 месеци без 2 дена Д: Авокадо, цреши и пола банана Р: Грашак, компир, морков, кромид и лук со телешко месо В: Овесна каша на Холе со нектарина и печено јаболко со цимет. Колку пати неделно давате месо? Јас само 2 пати неделно и правам каши без месо. Да не е многу? И жолчка планирам да воведам за неколку дена. Како се воведува да ме потсети некоја, прво со 1/8 колку дена така да и давам?
Д: Овесни снегулки со банана и праска Р: Бебивита готова каша со мисиркино, ориз и брокула У: Лубеница В: Јуфки со урда и кисело млеко
@Мариаа. И јас исто ја правам леќата само без брокула И компир ставам за густина. Маслиново масло не практикувај да готвиш, отпосле ставај, барем така ми има кажано нутриционист. Ова ко постара сваќа да те подучам @Septemvri црвена леќа давам, побрзо се вари и за почеток таа се препорачува за бебе. @Magic13 еве слика како се воведува жолчка, макар што мене педијатар ми рече цела жолчка после 10+ месеци. Но јас на 8++ воведов. Вие Таман еден месец 10+ ќе бидете.
Воопшто не беше воодушевен, со 300 гримаси едвај пола изеде (имаше и маслиново во ручекот изумив да го пишам) наредно со месо ќе пробам комбинацијата на @KuklickaSk , а со јаболко и палента го овожава цвеклото. И јас давам 2 пати неделно цвекло.
Ние утре полниме 9м. Исто 5 пати неделно јаде месо , може ќе намалам еден ден кога ќе воведам жолчка. Чекам да ми донесат домашни јајца деновиве и да воведам конечно. Планирам да давам по листот што го постирала Preskrekna.
Хммм ај ќе видиме другаров утре што ќе каже... Денешната комбинација со банана јаболка и овес ја излапа,иако на прво пробување направи малце кисела фаца. Немам моментално месо, за следна недела може таа комбинација од Кукличка да ја пробаме.
Денес: Д: манго со грчки јогурт и ванила (превкусно) Р: Крем супа од брокула В: млечна каша од овес (ќе видам дали ќе додадам и овошје)
Ме погоди комбинацијата со ванила ( мене ми е омилен благ вкус) таман ми е за воведување, која ванила е за бебе?
пресреќна каков намаз даваш? Кај нас денес ќе биде следно: П. Варена сува слива со јаболко Р. Компир морков грашок и тиквица В. Просо со банана
Матичната има пишано во табелата ванила 6+. Прв пат ставив сега една капка екстракт од ванила колку за вкус (како во колачи што ставаме) Не знам дали има за бебе посебно.
10+ Д: слива, праска, кајсија, круша и 2-3 лажици варено просо Р: телешко месо, грашок, морков, лукче, кромид и маслиново масло В: варена тарана со урда и кисело млеко @marchi-cool abc junior намаз давам. Мојата обожава млечни производи така да што да дадам поминува.
10+, а првпат пишам во темава Д: Банана, цреши и Хип бисквити У: Домашни овесни колачиња (банана, јаболко, овес, цејлонски цимет и лажиче маслиново) Р: Ориз, блитва, кромид, морков, цела жолчка и малку путер В: Палента со моцарела ќе биди веројатно Оф топик: првпат давам моцарела, со што обично ја комбинирате?