4-5 пати, на станување, помеѓу оброци, пред спиење и еднаш навечер ми станува за цицање. Сега воведувам ужинка помеѓу ручек и вечера па планирам да го скратам тоа цицање. Помеѓу оброците не се долги цицањата,повеќе му е тоа од жед (не ми пие вода) , некогаш не ни бара дење, ама јас нудам ради непиењето вода.
10+ сме. Три оброци и 5-6 подои во 24 часа. Станува кај 6:00-6:30, цица, во 8:00 пак цица, кај 10:00 појадок па спие. Во 12:00 цица, во 14:00 руча, околу 16:00 цица и заспива. Околу 18:30 вечера, па во 20:30 цица и заспива. Ноќе може и не мора да стани. Некогаш цела ноќ спие. Некогаш 1-2 пати станува но ретко. Овие подои и се редовни и убаво се нацицува. Има уште неколку измеѓу, еве на пример сега после доручекот цицна од едната града 2-3 мин и заспа. Тие повеќе и се како за вода и галење. И јас си велам да воведам ужина како @kitty.m ама др ми рече на последната контрола да продолжам вака бидејќи убаво напредува.
Ние имаме проблем со млекото. Буквално престана не сака... Пие по еднап на ден кога станува во 7 испива кога 90мл кога 120мл, и тоа со сила. Гледам во вечера и доручек да го ставам го јадеше така сега и така со сила тушкам. Од млечно друго се јаде сирење јогурт и кисело млеко се дави во нив. Од почеток сме на Аптамил пробав и да сменам друго млеко и по ладно и потопло исто... Некое чаре некој да ми каже? Педијатар прашав рече доволно е 1 ако пие друго млечно внесува, изгледа нема ни да сака да пие и обично млеко после година
П:Фрутолино у:Флипс, вишни, лубеница, се што видовме на маса Р:Телешко, боранија, цвекло, кромид( Штом има месо во кашата со судни маки се натегаме да јадеме и на крај јадеше компири од мусаката наша и домат У:Не сакаше ништо В:Фрливме чоколино , фрливме вишни и цреши со житарки и накрај јадевме млеко и бисквити Ова скоков не дотолчи со јадењево.
Д: банана, круша, какао и житарици. У: праска. Р: интегрални тестенини со пилешко и сос од домат и урда. В: чоколино.
Ад млеко 90мл Д: Тостирано лебче со путер и Абц крем сир У:Ад млеко 60мл Р:Просо оривче брокула лукче и жолчка В: гриз банана и Ад млеко
10+ Д: цвекло, јаболко, кајсија и палента Р: тестенини со прелив од брокула кромид морков и мисиркино месо и 1лажица кисело млеко В: овесни јачменови и 'ржани снегулки со јогурт, малини и јагоди
Мојот пие ад. 4 пати. 2 пати пред двете денски дремки, 1 пред вечерно заспивање и 1 ако стане во текот на ноќта.
Колку време може да стои каша направена со ад млеко? Од нашето,земаме од фурна,тазе. И јас имам во план кога баш ќе му воведам,да замеси баба му интегрално Ова е класично,бело лепче