Д: Гриз сo слива (не и се дoпадна) дадoв слива Hipp каша и тoа самo пoла изеде Р: Карфиoл, кoмпир, мoркoв, брoкула, жoлчка, м.маслo В: Инстант каша сo oвoшjе
9++ Д: Слива, круша и јаболко со мешани житарки Р: Црвена леќа, пиперка, морков, тиквица, пашканат, лук и брокула В: Палента со урда
10+ Д: боровници, малини, круша, праска и 2-3 бисквити Р: праз, грашок, морков, кромид, пашканат, ориз, малку пилешко. В: мулти греин на хип со јогурт Леле воопшто не јади. 140 гр за доручек, 110 гр за ручек едвај 1 час јадеше, 140 гр за вечера.
Секогаш ми си утеха кога не јаде те спомнувам и си велам па и на септември не јаде. А како напредувате? Колку е родено и колку сте сега? Мојава доста падна заради температурата некни. А и ситна е Денес една жена ме доотепа со муабетот. Не се имавме видено долго време, а на ФБ го гледала бебе. И ми вели "на ФБ ептен порасната ми се гледала, а вака во живо ептен ситна да не речам иста пред 2-3 месеци" Си врзав јазик да не речам ништо Сега е 8600 гр 70 см. Ќе порасне
Не се секирај мајче...палчица се роди малечка ама си напредува супер, по малку во континуитет, тоа е важно. И на сите слики е видричка веселка. И бебе мое слабо јаде ама крвната слика му е супер, не сме го мереле во брзо време ама весел си е активен, па опуштена сум. И првото ми беше такво па еве го маженце. Додека цицаат супер си се Инаку се роди 3050 на последната контрола беше 8100,сега можеби е малку повеќе.
Пoстojанo тoа ми гo викаат леле на слики мнoгу крупнo вака ситна. Нoрмалнo бебе е и немoже на слика да се види реалнoста.
10+ Д: банана, авокадо и просо Р: блитва, жолчка, кисело млеко, путер и малку ориз В: бебе мусли со АД млеко @Septemvri Фала ти. Да весела е и насмеана цело време. Убаво си спие преку ден 2х 2 часа. Вчера втора дремка 3 и пол ги отспа. Ноќе сега немирно спие од што преживува или од топло, ама спие цела ноќ. Крвна слика супер, хемоглобинот и повеќе од што треба. Ама како мајка знаеш. Плус со едно дете јадач сега ми е чудно. Се тешам што јаде многу разновидно. Од се по малку.
10+ Д. Цреши, банана и бисквита Р. Жолчка,ориз,црвена леќа,пиперка и лук В. Бебе сутлијаш Вчера дадов риба малку за проба, ослиќ, ама воопшто не му се допадна, понатаму ке пробаме пак
Ние ја обожаваме рибата *компир, брокула, морков, кромид и лук а рибата ја варам башка во вода Исто наместо со компир ориз и ставам и м.масло на крај
Д: праска,цреши,бисквити Р : боранија,брокула,морков, кромид 1/2 жолчка В: хип мулти греин со кајсија или гриз со круша
9++ Д: Просо со праска и банана Р: Цвекло, морков, компир, кромид и телешко месо В: Овесни снегулки со АД, јаболко, круша и ц.цимет
Од 9+. Ама варен. Го динстам со путер и додавам жолчка, урда и јаде со лепче, или Варен заедно со други зеленчуци и месо.
10+ Д. Јаболко,банана,кајсија и бисквита Р. Компир,морков,тиквица,пиперка и м.масло В. Лепче со к.млеко
10+ Д: праска, кајсија, слива, брусница и спелта Р: направив уштипец од тиквица, жолчка, морков, моцарела, урда и презла, не јаде па сварив тиквица, црн домат, лук и кромид со телешко месо. Јаде 90 гр В: ќе пробам пак уштипец со кисело млеко, ако не млечна каша од слива со АД не и бега.
9++ Д: Просо со кајсии Р: Ориз, 1/2 жолчка, морков, спанаќ, брокула и лук В: Гриз со АД, сливи и јаболко