Одоколу 180 гр јадеше тогаш, сега 190-200 гр. 11+ Д. Јаболко и слива со житарки Р. Хип болоњезе После тоа морков и компир од ручек В. Блендирано круша, слива, кајсија со бисквит На АД сме преку ноќ, преку ден вода и чај
Моето е скоро 11 месеци од 190 гр нема повеќе изедено. Просекот и е 150гр. Сега на жешково околу 100-120 јаде. За доручек повеќе бидејќи е овошје. За ручек и вечера помалку. За вечера млечни каши со 120 мл млеко и правам, никогаш не ги дојадува. Но цица неколку пати во денот и нема сеуште ужина? Вие јадете повеќе или помалку?
На почеток ги ставав кашите во тегличка и имав ориентација колку јаде. Сега ставам во чинивче , но и тоа собира некаде околу 200гр. П:Цреши и бисквити У:Половина свежа краставичка Р:Боранија, телешко, кромид, брокула, морков У:Праски В:Ноќна од јаболко на Хип
Моево цица помеѓу доручек и ручек. Па помеѓу ручек и вечера. Ми рече првиот подој да го заменам со ужина овој месец,најтешко бил тој да се исклучи. На 10 месеци и следниот да го заменам со ужина. 9м има,денес бевме на контрола.
Син ми е 9 месеци и цица 2 пати во денот и има 3 оброка од 200 до 250гр. Еве веке два дена едното цицање му го заменив со ужина и не бара цице
9++ Д: Јаболко, батат и круша Р: Телешко со цвекло, морков, компир и кромид В: Овесна каша Холе со банана
Ќерка ми цица само за спиење т.е 2 пати денски и навечер 100 пати се буди Исто има 9 месеци. Сакам од 10 да воведам ужина, но каде да ја вметнам? Нема шанси да заспие без цицање. Како заспивате вие?
Д: праска, цреша и 7 житарки Р: жолчка, морков, тиквица и путер В: бејби сутлијаш со АД путер, Ц цимет и ориз Ручекот го препишан од @Septemvri , немав идеја за зеленчук со жолчка и на пребарувач најмногу резултати имаше кај тебе. Изгледа твојот нејадач, ја сака комбинацијата, тиквица, морков жолчка и некогаш брокула, некогаш спанаќ.. . Фала @Sofi.ja и ние кога бевме на преглед на 9 месеци мислев педијатар ќе ми сугерира да заменам еден подој со ужина, но кога ја виде кс во ред со висок хемоглобин ми рече ако не паѓа во тежина да продолжам вака бидејќи до една година млекото е основна храна на бебето. Плус моево спие 2х2 часа преку ден така да и нема многу распон меѓу оброци.
И син ми 100 пати се буди ама еднаш или два пати цица Станува во 10 цица во 12 доручек 3 ручек во 6 сега е ужина во 8:30 вечера и во 10:30 цица и заспива ама во раце многу ретко заспива на цице.
Баш ми е мило ако и се допадна на твојата убавица. Мојот нејадач сака поблаги вкусови па скоро во се имаме компир,морков и тиквица. Порано се беше со батат сега сме на компир и тиквица. 10++ Д. Сливи,праска и малку банана Р. Телешко, компир,морков,кромид и боранија В. Кус кус со урда Некој имаше прашање по колку количински јадат. Бебево мое јаде просечно по 110г. Од доручекот некогаш може повеќе, ручекот и вечерата потешко. Последната кс му беше супер, и он весел и енергичен, па се опуштив малку и јас. Цицач голем е сеуште, и денски и навечер.
Д: Hipp каша сo житарки и праска Р: Блитва, oриз, киселo млекo, жoлчка и маслинoвo маслo В: Hipp инстант каша oд jабoлкo сo АД @Sofi.ja каква ужинка ти препoрачаа и кoлкава кoличина?
И мојата е голема цицачка, па тоа не "вади", инаку доручекот скоро секогаш го фрлам цел, ручек и вечера може да ми пројде и 180 гр
Појадок: овесна каша од Холе со АД и пола банана Ручек: палента со жолчка, абц јуниор сиренце, малку јогурт, морков и тиквица Ужина: лубеница и кашичка хип од јаболко со банана Вечера: Ванилино
Свежо овошје, кисело млеко, јогурт.. малце оскудна беше во одговорот па ќе барав помош тука Од претходно што сум запамтила, свежо овошје, печено јаболко (дали може печени компир,морков,брокула? Нешто вака сретнав на фб) бисквити, пудинг, мафини, вафли, колачиња од овес и банана... нешто што ми останало во сеќавање. За количина,претпоставувам упола од оброкот, 100, 120 грама. Еве поискусните нека пишат збор, два за ужинка
10+ Д- Банана и праска Р- Пилешко месо со компир , морков + варен ориз и леќа У - Кисело млеко В - гриз каша