7++ Д:јаболко, семолина и малини (втор ден) Р:ориз, морков, кромид, тиквица и м. масло (требаше боранија која ја имав обарено и во тегли ама кога отворив расипана беше)
Јас обарена ја замрзнав, се надевам добра ќе биде. И јас денеска имав друго во план, убава кашичка му направив ама видов исфрлен на ногата и се исплашив од целерот да не е (вчера прв ден му беше) и ја фрлив На крај ќе испадне од инсект некој дека е. Д: просо, круша, банана Р: батат, морков, тиквица
@Jana06 и мојата обарена беше и по инсистирање на свекрвата дека замрзната не била вкусна ја ставивме во тегли и убаво беа затворени едвај ја отворив теглата и внатре мирисаше. Имам праски и сливи пастеризирано па утре ке видам дали тие се добри.
@Jana06 утре ќе отворам друга тегла со боранија, можеби оваа така се погодила. Ги пробав праските што ги пастеризирав и се превкусни, како компот, ми дојде цела тегла да ја изедам.
Ејјј како ме застрви сега, како мала омилен компот ми беше, а сега немам. Па водата особено колку е убава од праските мх, мх.
Денес од понудени 4 кашички- 2 за доручек, 2 за ручек едвај 100 гр.изеде за доручек и 50 за ручек Д:авокадо,банана -2 лажички изеде само Понудив јаболко,банана и беби бисквит и ја изеде цела(шмукалче од хип) Р:батат,морков,грашак(прв ден)само лизна и запечати уста..додадов тиква за да е благо само 3-4 лажички касна, па понудив компир,морков,кромид и пилешко и изеде пола тегле скоро и му здосади да седи па испи Ад 170мл..
Денеска сме цел ден надвор, се прибравме само за првата дремка и пред да се стемни, па оброците му беа купечки кашички на Холе. 6++ Д: праска и банана Р: тиква и ориз
Сакам да прашам кога воведовме лепче и какво и каква вода давате дали оваа специјално за бебе или може на пример оваа што ја пиеме воздразните Изворска, Ладна?Јас сеуште давам оваа што е за бебиња 10 + бебебушот