Вчера: Д: круша, бисквити и вишна (прв ден) Р: Батат, пашканат, тиквица, кромид В: Печена тиква Денеска: Д: банана, бисквита, вишна Р: Ориз, тиква, блитва В: Останатото од ручекот
Ми пратија од Мк вакви Ло Бело бисквити.Многу лош состав.Бело брашно,шеќер,масло,сода бикарбона и некои витамини.Не би да давам.И на Подравка сите каши со шеќер Овде кај што живеам исто ужас состав на беби бисквити,жими на Холе има едни ама за 10+ се. Он топик Прва ужина-рендано јаболко Ручек-Тиква,пашканат,карфиол Вечера-млечна каша на Нестле
7+++ Д: јаболко, сува слива, бисквита и овес (многу вкусно) Р: телешко месо, ориз, пиперка, тиквица, кромид, лук, маслиново м., домат (прв ден)
Д: јаболко и круша Р: Батат, морков, карфиол и тиквица В: просо и банана @dunika Јас Ло бело давам, само тие ми ги препорачаа за возраста. И мене не ми се свиѓа баш ама бисквити се, тоа е составот. Најдобро е засега никакви ама за доручек мора нешто да ги држи сити. Се надевам нема некоја штета од 1-2 за доручек Кои се тие за 10+ и каков е составот?
Многу убав вкус даваат тие лобело бисквитите... Кај мене овесот не го сакаше и сега во комбинација со бисквита цело го јади.
Ужас! Добро што те прочитав, денес баш грабнав една кутија, но немав време да гледам состав, си реков дома ќе читам. Нема шанси да давам штом се такви.
Бисквити нема ама баш ништо хранливо во нив, ете и самите кажувате што се содржат... Најдобро е да си направите домашни, ставаш што сакаш, без шеќер, има многу рецепти за бејби домашни бисквити....
Само што го проверив составот, нема бело брашно. Има шеќер 15гр на 100 гр така да тоа е помалку внес отколку во готовите каши. За мене ова е ок.
Доручек:праска и семолина од малите теглички на хипп изедена цела Ручек:компир, морков и тиквица изедено пола од малите теглички на хипп
7м Вчера: Д:палента со круша Р:компир,тиквичка,грашак(втор ден) Денес: Д:просо со банана Р:батат,тиква,тиквичка,брокула и кромид ЕДИТ:ќе воведам и вечера од готовите кутии на холле или хип
Понеделник Д: Палента,жолчка,кисело млеко Р: Морков,пашканат,кромид,тиквица, црн домат и црвен домат В: Чоколино со ад Вторник Д: Јаболко,круша,банана и овесни снегулки Р: Грашак,батат и моцарела В : Чоколино со Ад
Фала ви. Имам телешки бифтек, педијатар ми рече пет дена во неделата да давам по 50 gr телешко, еден ден пилешко и еден ден никакво месо. Вие како дававте на 7 месеци?