7+++ Д: просо, јаболко, круша, банана, морков, манго (3 ден) - ова од тие вашите шмукалчиња Р: ориз, телешко, тиква, карфиол, праз, масло од репка
Ќе може да ми сликате кое овесни ги давате на 5+ и како ги приготвувате И дали гриз го двате оној плав со бебе на слика?
7 месеци Доручек:пола јаболка, 1/3 банана и 5 бисквити лобело Ручек:блитва, просо и кромид(лук пишува во бебе готвач) Вечера:ќе и дадам од инста кашита за добра ноќ на Хипп
Од Кам во жолто пакување овесните ги оставам 10 минути да постојат во жешка вода ... А гриз имам давано од тој плавиот а моментално му давам од гризот од дм маркет .... Овесните еве ги
Внимавај на тој гризот плавиот зашто е пченичен, со глутен. На 5+ е рано за глутен. Од житарки е подобро засега да даваш ориз, палента и просо, на 6 месеци можеш плус уште некои житарици и после ќе воведеш глутен.
8+ Д: Јаболка, праска У: Јогурт и вишни Р: Мисиркино месо, бел батат, пиперка, пашканат, кромид В: Ноќна каша
9 без еден ден Д.Шмукалче на Холе со овошје и спелта Р.Пилешко,компир,морков и пашканат. В.Житно млечна каша Бадникова вечера-Фингер фуд(обарена брокула,батат,морков) Не беше гладна,сакав да е зафатена само,па завршија на паркет
Дали има некој посебни палента и просо? Просо имам од виталија мислам дека е, а палента стандардна со детенце што е на паковањето.. Немам уште дадено баш ја разгледувам темава и гледам дека си многу упатена и баш ми е мило ако ми кажеш.. Фала ти многу
Па имаш голем избор ама реално тоа е тоа, само гледај засега без глутен. Јас обично купувам од Виталиа зашто ми е на 20 метри или онлајн од Биокосмос. Но, имаш и во сите маркети и аптеки. Воведи ги основните житарки без глутен и после постепено ќе го воведуваш и глутенот. Еве штом е сега 5+ воведи просо, ориз и палента. Од 6+ воведи овесни, ржани, јачменови снегулки (по твој избор, не мораш сите) и од 7+ давај ги истите со глутен плус спелта, пченичен гриз и понатака пченично, пченкарно, интегрално брашно, кускус, бунгур и сл. Едит: Јас конкретно воведов глутен со вакво шмукалче како на сликата. Му направив домашна каша со овошје и му ставив пола од шмукалчето, утредента исто. Немаше реакција и си продолжив со житарици со глутен. А можеш и како Оли да мешаш безглутенски овесни снегулки со глутенски и постепено да го воведеш.
Каква трпеза имала малата... Се спремам за фингер фуд, само си реков прво да пробам со оние како мрежичка, да видам на тоа како ќе реагира прво. Гледам ти зеленчук и' даваш, тоа само се дава? Еден ден му ставив јаболко, зинат беше ама чекаше јас да му давам, шмукаше и чудно му беше. Вториот ден му ставив круша од фрижидер, изгледа повеќе му се допадна поради ладното за непцата и си ја исцуца, ја изгриза и ја изнастега со раце преку мрежата. Психички се спремам, страв ми е од засркнување и затоа си реков прво вака да видам. Да не не се дава попладне овошје?
@0ли за зрели овошки или обарен зеленчук нема потреба да се плашиш,може да се засркне но нема шанси да се задави.За секој случај изгледај водео на ЈТ,има доста. Плус,ке биде под твој постојан надзор.Интересно е како и тие,и покрај тоа што се бебиња,имаат осет,знаат колку да пикнат во уста. Еднаш загриза поголемо парче леб,го проџвака и го плукна. Најопасно е свежа јаболка парче,тоа не би дала никако,строго рендана или варена.Исто и краставица важи за погодна,особено за ладење на непцата,но јас ке ја држам настрана некое време,секако не и ни сезона. На почеток сецкав ситно колку зрно грашок одприлика,но и се губеа низ прсти гмечејќи ги,па сега сецкам на ленти тенки. Покрај зеленчук и овошје,паста проаѓа одлично,особено фусили или машнички.Користам р’жана,или од интегрална пченица.Ја варам заедно со неколку цветчиња брокула и батат,8-9 мин во зовриена вода,супер брз и здрав ручек за подоцна кога ке јаде комплетно сам.
Што убаво вака кога читам 1000 комбинации и за доручек,ручек и вечера. Само што моево дете ништо скоро не јаде . Денес полниме 9 месеци и вртиме во круг неколку каши и тоа по неколку лажички, не паметам кога последен пат има изедено барем 50 грама . Се скоро со сила, со играње но ќе земе ќе плукне... Нудам и свежо овошје, и брендирано и пасирано, топло,ладно но ништо не успева . Пие 60-80мл млеко додека сум на работа и тоа и е се, после тоа цица но не е некое дете што бара да е на града Незнам како да ја натерам да јаде .
Оризот како го зготви прв пат кога го воведе..сооднос со вода и дали го мелеше претходно?За ручек се дава ориз или може и за доручек на почетокот? Просо дадено како доручек како се припрема? (киснење,варење,дали се блендира...колку време) Палента за доручек се рачуна како замена за житарка? Многу прашања во еден пост
Ориз киснам, го варам 1:3 (ориз - вода) без мешање. Зоврива, го оставам уште 2-3 минути на тивко, па гасам рингла, го покривам тенџерчето и го оставам. Потоа во блендер заедно со другиот зеленчук. Додека имаше само доручек, 3 дена давав овошен оброк и 3 дена зеленчуков, па така и оризот беше доручек кога ќе дојдеше на ред. Една третина од количината на кашата е ориз. За воведување дадов прво три лажички, па утредента малку повеќе, а третиот ден веќе оризот беше во количина што е соодветна за оброк. Просо мерам и исто како и оризот го варам 1:3. Го мијам убаво, го киснам одвечер и утредента го варам прво да зоврие, па на потивко се вари додека има вода. На крај во блендер со останатото овошје. Ако има житарка (просо, овес, ориз, палента итн.), оброците се една третина житарка, а две третини другите работи.
Оли ако денес дадам блитва прв ден , (3 до 5 лаж) утре пак блитва или после некој ден , се разбиеа ако е добро прифатена
Вчера Доручек: хип каша јаболко и морков Ручек : Батат, тиквица,целер(прв ден) Дали кашичката (ова е втора што и ја давам воопшто, купечко) дали целерот ... направи проблем. Бебево цел ден вчера не се искака.
Да, утре пак блитва, задутре пак блитва. Блитвата бидејќи се листови, првиот ден би скинала од листот малку и би ставила во каша. Утредента малку повеќе и третиот ден исто така. Нека кажат тие што имаат веќе воведено, колку блитва се става откако ќе е воведена, колку ставате во каша?