Во ред. Блитвата ја дадов како пример , прашањето ми беше воопшто за воведување на намирници . А ти уште немаш воведено блитва? Јас се водам по бебе готвач, дадена е за 7+ знам дека вие сте месец дена пред нас. И секаде различно пишува , крај неможам да фатам.
Јас па те сфатив конкретно за блитва прашуваш Не сум вовела уште, воведов спанаќ и воведувам сега пилешко, па во план ми се жолчка и млечни. Некако не ми е најбитна сега блитвата, ќе почека
Денес дадов прв пат манго од готова кашучка на Хипп Јас дадов еден ден малку спанаќ, после некој ден малку блитва и двете ги сакаше исто по бебе готвач се водам. Утре ќе и дадам пак блитва ама ќе биде повеќе
Леле темава од кога не ми е отворена а ти не си ме означила и не сум видела Иначе имам две врсти спремано Прва: 200гр.пченкарно брашно,околу 100гр.путер несолен и една банана.Се замесува тестото го оставаш кратко во фрижидер да се стегни, го сукаш и си вадиш форми Печам 10-15 мин на 200° Втора:Една банана, 1-2 урми (или суви сливи,кајсии попарени со жешка вода да омекнат) се блендираат. 50гр овесни се покиснуваат во жешка вода(јас ги мелам и ги додавам не јади парчиња сеуште плука се освен просото и лебче ) Додавам и цимет за вкус се меша сето и се печи 15мин на 200° Овие ги имам пробано и со праска вкусни се и така
Истата макаа хах јас секој ден и готвам по 3 пати и све фрлам. Годинка ќе право уште нема оброк еден цел.. ама упорна сум и не ја молам, не и давам со сила. Шо вика маж ми,5 лажици ако изела за мене е одлично.
Вчера Д.Шмукалче на Холе со кајсија Р.Телешко,компир,морков,пашканат,кромид и брокула(ја јадеше сама како фингер фуд) В.Гриз со урма и путер од бадем Денес Д.Палачинки од овесни снегулки и јаболко Р.Црвена леќа со тиква В.Инстант млечна каша ке биде
Д. Крушка со авокадо (не ја сакаше, па додадов малку готова каша од кајсија- со што ја и воведов) Р. Ориз со тиквица и морков
Доручек во 9:житарки на Хипп со праска Во 12:семолина Ручек во 15 и 30 :ориз, тиква, тиквица и маслиново масло Вечера околу 19:ноќна каша на хипп Бебе едвај јади пола од малите тегли
8+ Д: Семолина, круша, слива, јаболко Р: ориз, морков, карфиол, тиквичка, праз, масло од репка, пилешко (2 ден)
Се погоди петлето , наздравје да му е на бебенцето Масло од репка ? Од каде најде? Го читав некаде , необично ми дојде .
Фала! Се погоди петлето, многу е убаво Маслото е од Хип, ми го донесоа од Бугарија, го нема кај нас. Маслиново додека користев, запек имаше, сега си е супер. Не знам дали е од маслото или му се навикна веќе мешето, но ќе продолжам да го користам.
7м Д: Банана и круша Р: Тиква, компир и брокула Д: 1/2 жолчка, банана и круша Р: Палента, брокула и авокадо В: Инстант млечна каша од Холе со спелта Д: Ноќна млечна каша Хип со бисквит и банана Р: Тиква, ориз, кромид и авокадо В: Инстант млечна каша од Холе со спелта
Mene me interesira koga go kisnesh prosoto dali vodata treba da bide ladna ili topl ili toa ne igra nikakva uloga isto i za ostanatite zitarki kako e... novopecena mama mora da se nauci
Планирам да воведам цвекло па би ве замолила за некој рецепт со што можам да го комбинирам, свежо или се вари ? 9+ сме
Го вариш со лушпа додека да омекне и одма го ставаш под млаз ладна вода и ептен лесно се лупи. Го комбинирам најчесто со зеленчукови каши, но можеш и со палента, со јаболко и морков зависи кои комбинации ги сака. Ако најдеш цвекло со стеблото свари го и него преполно е со железо. Свежо се дава од 12+.