Ги киснам преку вечер, после тоа ги цедам и ги варам во малку вода. Треба да мешаш да не се залепат. Како овесна каша за големи. Може и да не се блендираат, убаво омекнуваат.
Д: Круша, банана, бисквита У: Парченца леб со јогурт Р: Телешко, бунгур, тиквица, прокељ, карфиол, спанаќ, кромид В: Палента со ад И денеска проба еклер Тањирот оставен на маса, тој си брцнал со рачињата, си го гмечи и бута во уста. Се надевам ќе нема реакција на нешто Многу му се свиѓаше, плачеше кога му го земав
Го потопувам со зовриена вода,1 прст над него,во длабоко тањирче,поклопувам со тацна и го заборавам 20 мин. Можеш и во зовриена вода,1:1 сооднос,кратко мешаш 2-3 мин дур да испари. @Jana06 играј опасно,утре баклава воведи Ништо нема да му е,не се плаши,белка има пробано ако не си вовела до сега
Доручек: јогурт и овошна кашичка од Холе Ручек: пилешко со карфиол пченка и морков, плачки не сака да чуе Вечера: банана и просо, истрауматизиран од ручекот уста не отвараше
7+ Д: Просо, јаболка, банана и цејлонски цимет Р: Телешко, компир, морков, пашканат, тиквичка и кромид В: Ноќна каша на Хип со бисквит
Цело јајце имаш воведено веќе И мојава кога јадиме, ги следи движењата на храната . Греота ме фаќа, реков да не јадиме пред нејзе. Денес во салата ми зари раче, брзо интервенирав
7++ Д:Банана, вишна, просо, кокосово масло Р:телешко, кромид, морков, ориз, маслиново масло В:ноќна каша на Хипп со јаболка Д:кајсија, круша, хељда на Хипп У:тиква бевме на гости и дадов малку Р:пашканат, тиквица, кромид и овес В:ќе биде ноќна каша на Хипп со бисквити Секој ден и давам јогурт по малку
Вишната свежа (замрзната) ја блендираш или ја ставаш да се свари. Јас имам компот а имам и домашни непрскани замрзнато.
7+ П: свежо јаболко, банана, цвекло и палента ( свежо јаболко прв пат имн го бендиса вкусот дури аааа праеше дур јадеше) Р: карфиол, тиквичка, морков, кромид, компир В: прв пат инстант каша на нутрино со житарки, банана и јаболко
7м Д: вишна, јаболко, банана и просо Р: телешко, ориз, кромид, тиквичка и морков В: ноќна каша на хип со бисквит
Од малите нешто повеќе од пола околу 70-80 грама мак. Еве бев упорна со вечерата да јаде повеќе на сила па поврати
Јас му воведов цело јајце ама беше во проја и палачинки и не беше толку директно. Од ова сега подиректно нема Инаку, за да седи мирен додека јадам му давам сам да јаде што ќе ми дојде прво, леб, банана, печена тиква...
Доручек: хип кутија со 5 вида житарици и јаболко Ручек: домашно пилешко, тиква, спанаќ и ориз Вечера: гриз и кајсија