@Jana06 За вечера од житниве каши што ги правиш, кога правиш со целозрнести, ставаш 60-80 мл ад и колку житарки? А ако даваш инстант, која количина? Според упатството позади на кутијата?
Немам купено инстант досега, купувам различни житарки обично се снегулки, а не цело зрно. Искрено, повеќе од прилика ставам ама да речеме 4-5 лажици. Ако имаш купено цело зрно пиши ми како ги спремаш, дали исто ги киснеш, па ги вариш и колку време.
Мислев дека од цело зрно правиш, така те сфатив Уште не сум почнала да давам вечера, ама веќе ќе морам. Планирам да ги киснам, рачунам да ги правам како пченица што се кисне и се вари, па ќе ги блендирам со млеко. Конкретно пченица се кисне од вечер и после се вари околу 40-50 минути, да омекне.
Сакам и јас цело зрно ама снегулките ги зимам дека побрзо се спремаат, а од друга страна не ми се свиѓа што се обработуваат. Да воведам уште нешто и ќе почнам друг тип на вечера да му спремам, како оние примери горе што ги пишав.
Д.Манго,Јаболко и Киви,блендирано со бисквити Р.Макарони од наут,авокадо,грашок и малку јогурт В.Мафини за бебе,со јаболко и круша
7+++ Д:гриз со вишна и јаболко (пола чинивче) Р:спанаќ , ориз, морков , целер,лук(пола ,едвај) В: инстант на Хипп со 5 житарки и слива Од јадач дете, преминува во молено за неколку лажичиња
8+++ Д: Семолина, дуња, круша, вишна (1 ден) Р: батат, телешко, тиквичка, морков, кромид, грашок, МР В: инстант овес, ад (првпат вечера)
Денес имавме кашичка од тиквица,брокула,пилешко и кус кус. Не му беше доволно па додадов кисело млеко, сакаше уште па ајде и лино смоки 2-3 му искршив со јогурт. Па пак бараше уште нешто и доби бисквитка лобело и испи 50тина мл вода. Потоа си доби чоколино и вечер ќе добие пак АД. АД давам 3 пати на ден и 2 кашички има, Измеѓу кашичките давам АД. Ама се нервирам само по 150мл пие, а последниве два дена му останува никако да испие.. Не знам дали е доволно ова за негова возраст и кога да воведам уште една каша...И што да правам со АД дали ќе скратам шише или не?
8++ Д: Круша, вишни, кускус У: Ситни макарони како finger food Р: Ориз, тиквица, тиква и авокадо (превкусно, се прејаде) В: Хип ноќна каша
Не ми текнува сега на името и само што легнав, некои италијански беа. Обични макарони се зашто воведов јајце, ситни се да може полесно да ги џвака, инаку има и без јајце, а гледав и некои на Биокосмос ама не ми се свиѓаа на изглед.
7+++ Д:тиква и хељда на Хипп Р:телешко, компир, пиперка, праз мм В:се успа без вечера Д:нектарина,јаболка,манго и семолина и кс Р:блитва, кромид, морков, 1/4 црвена пиперка(прв ден), просо, мм В:Хипп ноќна каша со јаболка и овес
На своја рака воведе хељда или ти препорача доктор? Јас сакав да дадам, а гледам покасно е од другите житарки, па баталив.
7++ П: јаболко, банана, цвекло, палента Р: телешко, боранија, пиперка, батат, кромид, путер В: печено јаболко со бисквити
7 Д: Инстант гриз со млеко на Хипп плус пола банана. Р: Хипп каша со пченка, компир и мисиркино месо. В: Бебевита ноќна каша со бисквит, млеко и банана Прв пат дадов вечера, не знам дали не е рано. Со вкусови почнавме од пет месеци. Во последно време почесто се буди навечер за цицање, па се мислам да не е гладна. Иначе си ја изеде вечерата со сласт.
8+++ Д: Инстант со три житарки од Холе, банана, вишна (2 ден) Р: компир, телешко, морков, карфиол, кромид, лук, МР В: житарка со ад
7м Д: Овес, јаболко и банана Р: Пилешко, пашканат, кромид, брокула и батат В: Ноќна каша од тегличка на Хип Изеде синко 2/3 од кашата и тетка му(сестра ми) се настрви. Ми вика може ли да ја дојадам, викам како не, слободно. И цела радосна зима лажица, пробува Го плукна и вика леле јас мислев благичко како пудинг е