Јас дадов од обична замрзната, исто и грашок, боранија.. На фриком.. Супер ги прифати, вкусно беше јадењето.
7++++ Д:банана авокадо 1/2жолчка (5ден) Р:цвекло(2ден) палента праз тиква целер В: инстант каша на хип со круша блендав
9 месеци Д: Овесни снегулки, јаболка, вишни, путер од лешници и малку наут У: Кашичка од модри сливи Р: Супа од брокули со пилешко В: Р'жани снегулки со ад
Јас варам парче, го блендирам со бујонот и го замрзнувам во силиконски калапи, па вадам по потреба и додавам во зеленчукот пред блендирање
8 месеци Д: пченичен гриз со 1/2авокадо, 1/2круша, јаболко, кокосово масло. Р:телешко , брокула морков пашканат и просо В:млечна на хип
Мајки денес воведов кисело млеко за доручек . Дали можи за ручек да дадам бонгур за прв пат? Веќе имам воведено пченичен гриз .
Мајка јас би почекала зашто сепак си дала млечен производ и реакција може да се појави и утре. Најдобро и утре да дадеш кисело млеко и задутре бунгур.
Фала Jana ќе почекам , се плашам од алергии . А кога веќе воведов кис.млеко треба ли да воведувам по 3 дена сирење јогурт урда....како млечни производи или?
Ако сите се кравји не би требало ама пак биди внимателна, почнувај со малку. Урда купувај по малку зашто несолената брзо се расипува или одвој за бебе, а остатокот насоли го за вас. Можеш и да ги воведуваш во тесто ако јаде тврда храна, па нема да биде одма во контакт со голема количина. Не мора да се исфрли, може да има пролив/повраќање, крв во столица ако е реакција. Ако е алергија веројатно ќе се исфрли.
Јас незнам дали и имаме оброк воопшто ,особено последниве 2 недели. Воопшто несака да јаде повеќе од две три лажички. Денес едвај и дадов пола тегличка на хипп мала . Е сега незнам колку е отприлика тоа. Ептен ми паѓа мака кога несака да јаде. А претходно колку толку пак јадеше а сега види и носам да јаде и бега За некој ден сме полни 10 месеци.
Да не има мака од забите? Инаку мала тегличка на хипп е 125 гр.што значи дека пола би дошло околу 60 гр.Моето е 9 месеци и една недела,има 3 оброци и 3 пати млеко.Оброците се од 150 до кај 190 гр.зависи како ќе му се допадне а млекото е од 150 до 180 мл.И оброците и млекото цело време со цртани ги јаде/пие инаку нема шанси.Ќе се загледа во цртаните па не е ни свесно дека отвара уста.Млекото исто со молење со цртани со играчки.Ама и ја сум упорна и не се откажувам додека не испие или изеде барем 150 гр.Пробајте со занимации нешто. Колку килограми имате на 10 месеци?
Денес: Д: 5 вида житарици на хипп и слива Р: Жолчка компир брокула и праз За вечера ќе му дадам батат и цвекло
8 месеци Д: палента со кисело млеко (1 ден) Р: блитва , ориз, целер, лук , јаболко В: овес инстант на холе со половина овошно шмукалче
И ние јадеме со играчки инаку нема шанси. Нема шанси да изеде 150 гр. Едвај тие 50 гр. Ја немаме мерено одамна но по домашната вага излегува околу 9 до 9 200 варира, незнам колку е точна. Но можеби два месеци стои на оваа килажа.