8+ Д: Просо со сува кајсија, за грицкање варено јаболко и круша Р: Блендирана каша од телешко, наут и кромид со мм, за грицкање варен компир и морков В: Колачиња од овес и банана потопени во кисело млеко и неколку парчиња авокадо
9+++ Д: овесна каша со банана, јаболко, слива Р: Палента, ленти авокадо, парчиња карфиол, стапчиња морков, кајгана со жолчка и домат (2 ден) В: нешто со кисело млеко Ручеков решив денес да пробам да не е каша. Јајцето со домат супер си го јадеше, карфиолот и морковот ги вртеше во уста и џвакаше, ама после некое време почна да се гади од авокадото и од палентата. Да ве прашам тие што давате парчиња, нормално е вака да се згадува? @dunika @Jana06
Па да ти кажам и јас се згадувам од палента и авокадо Може веќе најаден бил или едноставно вкусот не му бил убав.
Јас па обожавам авокадо со сè. Прво си јадеше, грицкаше авокадо, после некое време почна да се мурти, а иста количина му дадов храна како блендирана кога би му дала. Си реков да не му треба време да се навикне бидејќи досега пасирано и грубо блендирано давав.
@0ли ние две исто се тепаме за авокадо,по едно цело за доручек ни иде.Не знам која колку изела,си го делиме Иначе кратка преодна фаза е тоа,ке прави “бљак” фаци,па дури и јазик може да вади како да ке поврати. Ама нема,да не се исплашиш,најнормално е Белка нема да даваш до годинка?
Колку смеам дневно да му давам авокадо? Како со страв му давам четвртина, малечки се. Би давала и повеќе ако смее. Вака и јас го јадам често, намаз омилен ми е и во салати го ставам, а и така ми е вкусен без ништо Добро штом е нормално, му се наткреваше и мислев секој момент ќе поврати, а пак отвораше уста кога му давав За белката не знам, можеби ќе дадам порано, но планирав прво да воведам леќа, риба, цвекло, така некои работи што ми останаа невоведени. Цело јајце читајќи ве вас ќе дадам во нешто печено или не знам дали е океј со тестенини што имаат јајце или сама да правам ако имаат сол во нив.
9++ Д: гриз, јаболко, урма, неколку бисквити Р: компир, праз, брокула, тиквичка В: готова овесна каша со јаболко на хип
9+++ Д: Житарици и слива Р: Леќа,морков,блитва,компир,кромид,лук,маслиново У: Банана В:Жолчка,карфиол,брокула,компир,тиквица Д:Житарици и кајсија Р: Телешко,ориз,црвена пиперка,блитва,морков,кромид,лук,маслиново В:Житарици и круша
Денеска му правев болоњезе со макарони, замачкав тенџериња, се препотував од топло, му правев со него во раце за на крај да ми прави фаци на гадење. Го пробав и убаво ми беше, не знам што му е, а толку бев возбудена. За да биде нервозата поголема се погоди денеска кај свеки да сме на ручек и таму му давав, и коментарот беше Уф, па ова бљантаво без сол затоа не ти ја јаде. Ќе и ја шлакнев у фаца. Давајте други рецепти
Стави кускус во чаша колку што сакаш и стави зовриена вода еден прст над кускусот. Покриј со тацна и остави го 10 мин. После додај малку маслиново и промешај да се одвојат зрната. Јас комбинирам со зеленчук најчесто ама пченица е, па можеш со било што.
И јас вчера за доручек , за прв пат дадов кус кус со манго и банана , многу и се допадна. Мојот е на дивела , не се вари.
8+++ Д:индтант капа на Хипп пченка со овошје и 2 сливи У:тиква и бисквити Р:телешко, макарони, морков, кромид, путер В:ноќна каша на Хипп со овес и јаболко Д:мусли на Холе и малини У:јогурт и банана Р:киноа, брокула, кромид, моцарела, путер У:смукалче на Холе(јаболка, манго и маракуја) малку и беше плачеше +смукалче на Хипп банана, јаболка и бисквити В:ќе биде ноќна каша со бисквити)(ако е гладна)
10 Д: Слива и житарици на хип Р: Мисиркино,компир,морков,лук,кромид,маслиново У: Вишна,банана и гриз В: Палента со сирење и кајмак
8+++ Вчера Д:кус кус со манго и банана Р:пилешко,компир,карфиол, тиква,тиквица м.м. В:јачменови снегулки со грчки јогурт Денес Д:просо ,суви кајсии и 1 круша Р: пилешко со бунгур, морков, тиквица , цвекло . В: палента со јогурт
10+++ Д.Омлет со спанаќ У.Шмукалче на Холе(јаболко,цвекло,банана) Р.Спелтини макарони со брокула и батат В.Инстант каша на Нестле со јаболко и крушка(ги содржи внатре) @Jana06 направи му нормално болоњезе.Издинстај на маслиново малку кромид,целер,морков,додај го мевцето да потемни,па стави едно мало филџанче доматен сос,малку босилек и нека крчка 15-20 мин на тивко. Кускус и јас само потопувам,не го варам.