Го сменив малку рецептот на Батерфлај, му ставив и морковче, го ставив да динста со малку маслиново и стварно убаво излезе. Мислев дека ептен убаво ќе му биде. Може и забите се проблем зашто доста храна ми одбива.
Знам дека не си во Мкд, каков доматен сос даваш? Пошто сега не би купувала домати. Или замрзнати можи? @milica30 јас користам замрзнати ајварски пиперки .
8+++ Д: банана и авокадо Р: телешко со ориз,карфиол,целер и лукче . У:цвекло варено со лушпа , јаболка и 1 лаж.сок од рендана круша. В:палента со кисело млеко
И моево се згадува од храна на парчиња. Под стрес сум да не се задави ...се ми повраќа од страна парчиња .. зрела банана , варен морков, компирче. Со едно забче е , можеби и е рано што знам..
8м Д: Палачинки со урда У: Кива Р: Телешко, проќељ, тиква, целер и грашок В: Банана колачиња потопени во пасирана малина
9++ Д: 5 житарки на Холе, јаболко, праска, 3 зрна аронија Р: телешко, компир, брокула, кромид, морков В: житарки со слива на Хип
10+++ Д.Просо со круша,јаболко и кокосово млеко Р.Р’жани макарони со брокула и рикота сирење У.Бисквити Холе В.Колач лебче од овесно брашно,банана и беби спанаќ. @Lady Leona користам доматен сос во стаклено шише,чист домат е составот.Како томатело има конзистенција.
Добро утро мајки Аронија во што може да ставам и како ? Имам купена од Кам замрзната. Малава ептен слабо ми јаде овошни кашички да не речам скоро ич. Домашните што и ги правам ги фрлам, исто и зеленчук и месо домашно што правам не го сака повеќе. Ги јаде ноќните каши со житарки што се но неможе секој ден тоа па тоа.
9++ Д: просо, круша, половина јаболко, 3 зрна аронија Р: жолчка, ориз, тиквичка, спанаќ, маслиново масло В: кисело млеко и палента
10 Д: Житарици и јаболко со шумско овошје на хип Р: Леќа,морков,блитва,компир,кромид,лук,маслиново У: Батат и тиквица В: Палента жолчка и сирење
8+++ Д: гриз , вишни, 1/4 банана Р: телешко, морков, компирче и 5 прокељ(прв ден) У: тиква и круша В: јачменови снегулки со кисело млеко
Во бебе готвач пиши , прва каша со прокељ , 100 гр. Па ај си велам да намалам па 5 ставив . А и тоа е многу ...ајјј еве од 13h бебе нема проблем . Уште гасови да и предизвикам ми фалат Овие од бебе готвач треба да читаат овде Како за прв пат 100 гр па на даље по 5 главици
Ја видов рецептата во Бебе готвач и баш си реков јас да изедам толку, ќе ме скине стомак, а не па прва каша за бебе. Мерев и 10 гр беа две минијатурни главици, толку дадов првиот ден. Малку тежеа и 5 кога ставив, најмалите ги одбрав. Немаше мака малиов, но некако страв ми е да ставам многу.