10+ Д: Житарици на хипп и слива Р: Телешко,ориз,црвена пиперка,морков,кромид,лук,маслиново У: Банана и гриз В: Макарони и сирење
Јас земам кус кус од зегин.. Стои околу 5 мин во превриена вода и после пак се враќ на оган дур се свари... Така пишуваше на пакетчето така го правам
Од 8ми месец. Имав дома во фрижидер од свежите и додадов една во овесна каша за да ја заблажи, немаше никакви реакции. Од тогаш сум дала уште неколку пати насабајле, имаат шеќер и затоа се избегнуваат да се даваат навечер.
9++ Д: овесни снегулки, круша, банана Р: телешко, тарана, брокула, морков, праз, маслиново масло В: 5 вида житарки од Холе со АД
Во 08.00 млеко хип 2 , 120 мл Во 11.00 палента со јогурт Во 14.00 млеко 120 мл Во 17.00 кашичка од хип со телешко и морков Во 19.00 чоколаден десерт од нестле Во 21.00 каша од хип за добра ноќ од бисквити о овесни снегулки 23.00 млеко 120 мл Измеѓу и давам вода , и чај сок не пие инаку имаме 7 и пол месеци .
Само 3 пати во 24 часа пие млеко? Мислам дека многу е касно во 21 часот да се дава цврст оброк, нека ме поправат другите ако грешам.
Пробај да и го поместуваш спиењето по 20 мин порано, за една недела ќе ти спие од 21 часот. Најубавиот сон за бебе е од 20 до 02. И ти ќе можеш да одмориш.
Пробав неколку пати неќје плаче не и се спие , да ми кажете со што може да го помешам спанакот освен со копири и ориз , домашно некје а купеното го јаде
Јас спанаќот го правам со палента, лук, кромид и морков.. Тука читам дека некои и јаболко ставаат... Пробај секако
A Ако заспива во 23ч ,најкасно 19ч да биде вечерата. Да има време да се сваре храната. Бебе неможе да заспие и заради касна вечера . Тежина му е. Јас најкасно што сум дала вечера е 19ч ... и тоа било поради третата дремка.. вообичаено околу 18ч вечера .
Денес дадов спанаќ со батат, пилешко и јаболко (рецептот е од @dunika). Многу вкусно беше. Пред некој ден дадов спанаќ во комбинација со ориз, морков и јаболко исто ептен убаво испадна.
9+++ Д: гриз, слива и јаболко Р: телешко, грашок, морков, цвекло и тиквичка В: попара со кисело млеко
Досега немам слушнато со палента баш утре ќе пробам , а палентата да ја направам и потоа само да ја додадам во сварениот спанаќ и да пасирам така или ?
Прво го варам спанаќот со зеленчукот и после одделно ја правам палетата. Зеленчукот блендиран и го мешам со палентата.