Една банана пасирана Пила рендано јаболко Пола рендана круша Варен гриз пола чаша од 300мл И овес ставав али не мерев треба да добиеш смеса да не се лепе на рака за да можеш да направиш како плескавици во формата и на хартија за печење на 200 околу 30мин ќе видиш да заруменат И во посебна чинија испасирав пола банана и изблендурав јаболко ги смешав и од горе му ставив. За да не бидат мн суву
Јас имам ваква 240гр банана (2 големи или 3 средни банани) 100грама овес( пола изблендиран во прав пола обичен) Може и цимет малце Да отстои смесата 10мин и со лажица на хратија за печење си правиш округла форма. Се печат на 180степени, 11 минути, се оставаат да се изладат
Д:киноа, банана, вишна км У:слива и бисквити Р:тиква, тиквичка, компир, кромид и путер(омилено јадење и е на ќерка ми) У:лино смоки со јогурт В:ноќна кашичка на Хипп со млеко и семолина(4-5 лажици само изеде) @kjofti4 @Butterfly1107 фала ви за рецептите
Сакм д кажам дека успеавме да најдеме комбинација со леќа која ј сака и руча помрај 3 обиди неуспешни... Брокула, карфиол, морков, кромид и леќа црвена
9+++ Д: овесни снегулки, јаболко, урма и малку праска Р: телешко, компир, брокула, морков, кромид В: ноќна каша на Хип со јаболко и бисквити
Можеш ли да ми кажеш кога даваш доручек, а кога ручек, мојот син е 6 месеци ама сум во дилема дека доцна го јаде зеленчукот, некаде кај 17 часот, уште малку треба да уведам и трет оброк тој би бил баш доцна. Станува кај 7 пие млеко во 11 овошје 14 млеко, 17 зеленчук и понатаму терам со млеко. Кај тебе како е?
Додека имавме два оброци и мене ми беја подоцна како на пример од 9:30-10 часо доручек, ручек од 15:30-16:00 часо додека се два оброци не е никалов проблем.. Но кога ќе воведиш трет ќе ти е многу доцна, а треба два часа барем пред легнување да е вечера,и да не се два часа ќе видиш сама нема да може бебе да заспие ќе е хиперактивно поготово ако е момче нема шанси да го успиеш барем кај нас беше така.. Јас го прекинав млекцето што му го давав во 7часо ради што си презаспиваше до 9:30 и не ми јадеше многу.. Стануваме 8часо Д:8:30 У:млеко 11:00 Р:13:30 У:млеко 16:00 В:18:30 Заспива 20:30 до 21:30 зависи последната дремка кога ќе биде и пие млеко тогаш
Вчера последна дремка од 17:20 до 18 часот, заспа во 23, се разбуди за млеко во 3:30 продолжи до 8 наутро, испи млеко и во 9 :30 е буден.
7+ Д:хип каша од пченка слива и банана Р:кофтина од тиквица, морков, компир со зачини со телешко В: кисело млеко со лепче би било ако не направам нешто меѓувреме Иначе добив баш супер рецепт за пица само ми ветија дека понеделник ќе ми дадат домашно младо сирење За тесто: Рендана тиквица Рендан морков Варен и пасиран компир Ако не се сврзува може малку брашно и масло и вода Се става да се пече на хартија да зарумени Потоа му ставаш За фил: Кромид Брокула Младо сирење Пилешко И оригано и враќаш да се растопи сиренцето За тие што имат и домат воведено може доматно пире да си стават, а исто и јајце во тестото
5часа е буден од последна дремка тоа мислам дека е многу.. Почни да го будиш порано а со тоа и ќе му се поместат дремките пример за 1час.. Види на dr. goodnight на фб имат опшано за секоја воздрас колку дремки би требало да има бебе и колку часа му се доволни.. Кога би му вовела ред да заспива и порано ќе видиш колку слободно време ќе имаш за себе да се средиш па и серија да изгледаш.. Јас се трудам да е 19:30часо заспан али ми се буди во 23 и не ми презаспива
90-120мл од кога преминав на 2ка пие малку млеко, а сега еве вади заби по 60мл пие само.. Се мислам дека ужинкиве што мо се со млеко ќе ги отфрли самио за многу скоро време А пред заспивање пие 150-180мл и двапати се буди исто пие 150-180мл
Многу малку спие, вчера две дремки само од максимум 1 саат. Ваш ќе проверам на фб, фала ти многу. Имаш ли некоја идеја за зеленчук каша која нема да содржи ориз и компир, малце му е тврда столицата?
Просо со брокула и морков Овес со тиква Рижолино со тиквица Тиква со ад млеко Тиквица со карфиол брокула и пашканат.. Рижолино давај ако сметаш дека оризо му прави проблем тој јас го комбинирам со све и со овошје и со зеленчиук Јас често му правам како компот варам слива, јаболко и течноста му ја давам да ја пие али од кога е роден еве 7м сеуште давам пробиотик. Пробиотикот игра голема улога во столицата само да го погодиш вистинскиот кој му одговара кас користам dr. Wolz прашок Незнам што имаш воведени намирници. Во темава ќе најдиш одлични идеи кога ќе немаш своја
10 ++ Д: Житарици и јаболко со шумско на хипп Р: Телешко ориз црвена пиперка морков кромид лук маслиново В: Палента и сирење Д: Житарици и праска Р: Леќа морков блитва компир лук кромид маслиново У: Јаболко со малку просо В: Палента жолчка сирење