10 ++ Д Банана и гриз Р Мисиркино компир морков лук кромид маслиново У Јаболко со просо В Супа со фиде морков и брокула
7++ Д: рижолино со тиква Р:полнета пиперка со ориз, кромидче, пашканат, телешко сецкано и зачини В: гриз со банана и јаболко
Имам едно прашање до вас, дали ги мрзнете намирниците (морков, пашканат, тиквица, батат...) и дали мрзнете по намирница или како комбинација за оброк? Земав малце поголема количина па да не се расипат
11++ Д.Кифла,авокадо и банана У.Шмукалче Холе(анасон и јаболко) Р.Зеленчукови плескавици со дип од грчки јогурт и сецкан свеж власец В.Батат и лосос печени.Ги неќеше дека ние јадевме пица,па си доби корки од маргарита
10++ Д: Кускус, банана, јаболка, зрно какао, капини и семе од коприва У: Тостерки со јогурт Р: Телешко месо, компир, грашок, модар патлиџан, брокули, лук В: Овесни снегулки со јогурт
Каква кифла? Рецепт? И за зеленчуковите плескавици рецепт Ако можеш, кога можеш Д: Палачинки со намаз од шумско овошје У: Парчиња авокадо, една палачинка од доручекот и три лажички кисело млеко Р: Батат, прокељ, брокула, пашканат, карфиол, мм и телешко В: палента со путер и кисело млеко
@Jana06 @dunika @0ли Ми фалат вашите дневни мениа и рецепти . Нешто ве нема во темава. Пак го вртам бебе готвачот.
Деновиве сме по патишта и не сум седнала да напишам. А и овие мајкиве види ги, фрчат палачинки, мафини, кифли, чуда... Јас уште не сум фатила таков ред и срам ми е да пишам
Тоа де ,и јас сум си на стариот левел . А и мојава девојка се дави се згадува од погруба храна. Си се научи на мазно. И правев беби бисквит, не пројде ! Денес ќе се коронаризирамваљда ќе ни тргни повеќе
7++ Д:гриз со ад млеко банана и праска Р:авокадо со пилешко ситно сецкано, просо и к.млеко и ситно сецкано кромидче и лукче иде како намаз како салата В: сутлијач со цимет