Д: Пудинг со просо, кајсија, јагода, боровинка, аронија и капина У: Мафин со рендан морков Р: Ќофте со компир В: Леб намачкан со хумус
10+ Д: гриз со круша и праска Р: пилешко месо со грашок, морков и кромид В: тарана и кисело млеко Д: каша од слива и јаболко Р: компир, морков, пашканат, кромид и брокула, + јогурт В: овесни снегулки со јаболко, урма и авокадо (ептен им се допадна)
10 ++ Д Житарици и слива Р Телешко боранија морков компир кромид лук маслиново У Јаболко,маракуја и јагода В Палента и тапиока со сирење
Д. Беби мусли со банана и малку малина У. Манго Р. Телешко, морков, компир и лук В. Млечна каша од спелта
Ќофтето го печев. Мелено телешко, рендана јаболка, јајце, маслиново, оригано и босилек и многу малку овес мелен. Јаболкото е за да биде сочно и полесно за јадење. Само што направив грешка и ги направив мали ќофтињата и кората беше многу цврста за јадење па му ја лупев кората и го јадеше внатрешниот дел. Кај поголеми ќофтиња полесно ќе се излупи кората и внатрешноста ќе биде поголема, лесна за фаќање. Рецепт за мафини: 105гр овес 3 урми(накиснати во жешка вода барем 30мин) 170гр кисело млеко 110гр сос од јаболко( може од кашичка само јаболко, може и да изблендираш сама јаболка во блендер со малку вода) 1 јајце или јајце од лен(јас правев со јајце од лен и така воведов лен, 1 голема лажица мелен лен со три големи лажици вода, се меша и се остава да стои 15мин) Пола лажичка цимет 125гр рендани моркови Се освен морковите се става во блендер и се блендира, после тоа се додаваат морковите и целата смеса се става во калапи за мафини(јас имам силиконски) Се пече во загреана рерна на 180степени, 25/30мин ќе провериш со чечкалица. Може да се јадат и следниот ден. Многу се меки и лесни за јадење за бебушиве. Инаку вака на мене ич не ми се убави
Една голема лажица мелено ленено семе и три лажици вода се меша и се остава да стои 15минути. И јас бев скептик, немав печено со вакво "јајце" ама мафините искочија како на сликата. Инаку во рецептот имаше и прашак за пециво ама не ставив јас и супер испаднаа. https://cookieandkate.com/flax-egg-recipe/
10 ++ Д житарици и круша Р леќа морков блитва компир лук кромид маслиново У мусли и банана В палента и топиока со жолчка и сирење
@Butterfly1107 класична кифличка,500 гр брашно,1 јајце,150мл млако млеко,150 мл Јогурт,малце маслиново,1 сув квасец,и пола пак пециво.Се меси тесто,нараснува 40 тина мин,се оформуваат кифлички,се премачкуваат со јајце(+1,едно иде во тестото),и се печат на 200ц 10-15 мин.Многу се меки и вкусни. После 12 мес,сол и шеќер малце,стандарт. Зеленчуковите плескавици ги ставив во Фемина Инстаграм темата,а рецептот го има во истоимената тема “Рецепти од Ф.И” утрово го пишав баш. Без сол само прави.
10+ Д: палента, круша Р: ориз, пилешко, цвекло, кромид, карфиол, морков, тиквичка, праз, МР У: палачинки В: нешто со кисело млеко, најверојатно овошен јогурт
10+ Д: просо, круша и праска Р: ориз, жолчка, морков, тиквичка, пашканат, спанаќ и маслиново масло У: тиква и сок од цеден портокал В: од ручекот и кисело млеко
7++ Д: рижолино со праска и јболко готова каша од хип Р:манџа со сладок компир и телешко В:некој бид на проја од памет со кисело млеко
9++ Д: каша од просо со кајсии, боровинки и ц.цимет. Р: телешко,ориз,морков,праз,пашканат,мм У: мус од авокадо банана манго В:омиленото - палента со моцарела и кис.млеко
11++ Лебче со путер,кашкавал и чајче Шмукалче Холе Паста(макарони) од спелта со брокула и батат Гриз со кокос,мелен бадем и малку какао