Пробај кога блендираш, да не е мазно, туку на сец. Или почни со пола каша мазно, а другата половина на сец блендирај и после соедини ги. Јас така направив кога преминав од мазно на погрубо. Кога ќе е погрубо, со прсти давав, не со лажиче. Нагони може со фаца да покажува, но ќе помине и таа фаза. Не се откажувај, нема да поврати. И јас баш за ова прашував и ми одговорија вака. Ставај парченца храна пред неа во хранилка и да си игра со храната додека ја храниш, ќе се занесе во допирање со прстите, ќе ја гмечи, а можеби и нешто ќе проба да стави во уста.
Да, со нагон за повраќање. И плука. Со рачиња фрла од пред неа @0ли ќе пробам пола пола од утре Ви благодарам девојки
И мојот така фрлаше. Ставај храна упорно, ќе прекине да фрла. Може заедно да јадете, ќе те гледа тебе. Нагонот ќе исчезне, ќе навикне. Исто правеше на почетокот, а мислам дека кај сите ја има таа фаза.
Не се секирај скроз нормално е тоа, фаза е. Продолжи да даваш парчиња после некое време ќе сфати што треба да прави. Гаг рефлексот е нормален(нагонот за повраќање) и немој да се плашиш и да реагираш на него. Тоа е затоа што не знае да ја џвака храната и пробува да голтне големи парчиња. Земи и ти од храната стави ја во уста и џвакај силно и со отворена уста да те гледа. Мојот е исто 9+, парчиња јаде од 7ипол па сеуште не знае да џвака убаво.
10+ Д: гриз со слива и јаболко Р: компир, пилешко, по малку морков, тиквичка, брокула, кромид и праз У: овошен јогурт од вишни, аронија и банана В: палента и јогурт
10++ Д: Омлет со моцарела, авокадо и малку леб У: Банана, аронија, капина, малина Р: Леќа, морков, компир, лук и малку риба В: Ноќна каша Денеска конечно дадов пастрмка. Не знам зашто толкав страв од риба ама се препотував. А тој толку слатко си ја изеде, плачеше за уште. Каква риба да му дадам следно и од каде купувате? Преферирам речна да биде. И друго, дали е вистина дека кога се јаде риба не треба за брзо да се дава млечен производ? Многу поделени мислења има, а на доктор сме за некои 2 недели.
Тоа за риба и млечни е дека може да му смета на желудникот. Али ако јаде за ручек риба, за вечера можеш млечно. Риба од Веро или од Метро продавницата кај Раде Кончар, позади Американ му доаѓа
За речна прашував во рибарница и ми рекоа дека во овој период од годината нема, само од рибници имало.
7++ Д:авокадо банана и 1/4 жолчка Р:телешки кофтина со брокула, пченка, грашок и морков В: тиква со ад млеко Вчера мм му даде карамело или како се вика од лино имам еден куп од што ми носат за бебка не видел дека има шеќер, а и реално не баш пази на такви работи тој е со друго мото во животот,небитно тоа. Туку каква енергија му даде колку беше хиперактивен 5ипол часа беше буден..
9+++ Д:просо, банана, суви кајсии 3 и км У:тиква, бисквити, ад Р:пилешко, кус кус, морков, кромид,жолчка, мм У:печена јаболка В:ноќна инстант каша на хипп со бисквити Д:2 сливи, пола јаболка со Хипп инстант каша со слива и житарки У:сутлиач Р:блитва, макарони, морков, кромид, жолчка, путер У:cheesecake В:ќе биде ноќна каша на Хипп семолина и банана
Тиква компир ориз содржат скроб.. што фајде ако го трупаш бебе со ориз и компир на еден оброк. Јас денес нудам само ориз на пример Утре компир . ...па тиква... Дневно не давам и ориз и батат . А не во еден оброк.
Ги ротирам тиква, ориз, батат, компир, скробниве не ги давам во ист оброк. Мислам дека и на хрватската го прочитав ова, да се ротираат.
Д: Палачинки У: Чиа во јогурт со малини Р: Леќа, морков, кромид, телешко и мм В: Мафини потопени во јогурт и парчиња моцарела