На крајот на денот, секој нека си комбинира како му одговара . Мешај што си мислиш и како што сметаш дека треба. Секој си има различен став кон исхраната , па терај си по твое .
Мајки поздрав до сите,гледам добро ви оди.Јас деновиве не споделувам ништо.Моето бебенце и јас сме позитивни на корона,па немаме апетит и ништо не јадеме.Гледам колку можам да му дадам млеко,сокче,супа,вода.Се надевам брзо ќе помине,ама еве веќе четврти ден како нема апетит.Ослабе.Може постов не е за тука,чисто сакав да споделам.Поздрав до сите и чувајте се,внимавајте колку можете на вас и вашите бебиња.Ние се пазевме многу,други околу нас не внимаваа.
Многу ми е жал . Најискрено Ви посакувам најлесно да поминете , најбезболно. Особено бебенцето , тие се најневини а етее... има ли >тт ?? Јас цела година зборам се љутам ,( и ми замеруваат ама ич не ми е гајле) премногу сум строга околу вирусот . Еве се вакцинирав,7 дена сум со маска 24/7 . Бебево неможам да си го гушнам и бакнам . А чудо големо ако "надворешните" не го виделе и гушнеле бебето .
Од Кам земам урда . Јас од што внимавав околу солта во урдата ,каснам со нејзиното воведување. Ќе купев и не ја нудев на бебе. Оваа ми беше ок и затоа ја дадов .
Јас не реков дали е исправно или не. Ме заинтересира и сакав мислење. @0ли да најдам време и ќе пишам.
И мене ме интересира за урдата. Кај свекрвата сме, купив од кам ама изгледа ја утнав, купив крем сир место урда и има 1гр сол на 100гр.
1,0гр на 100 гр Имаш ли подобра опција за урда? Значи без воопшто сол ,најверојатно нема . Е сега дома ако се подготвува , друго е
Не сум нашла подобра опција и затоа уште не сум вовела. Не дека 100 гр ќе изеде урда, но сепак не би му дала со толку сол. Ќе треба изгледа сама да му направам.
Девојки, денес сакам прв пат да дадам спанаќ за ручек, какви се вашите искуства како го прифаќаат бебињата бидејќи има вкус на зелезо, со што д го комбинирам, а да не е ориз бидејќи вчера јадеше ориз за ручек, tnx. Доручек ќе биде палента со јаболко и крушка.
Јас спанаќот го воведував со јаболко , супер беше прифатен од бебе. Спанаќ јаболко круша и палента Или без палента како ужина.
Една голема шака спанаќ доста е,20-30 гр е тоа,со пола јаболко,и пола батат со средна големина.Прво издинстај ги јаболкото и бататот,па неколку мин пред крај додај го спанаќот. Понатака со пилешко примени ја истава комбинација+кромидче.
7++ Д: авокадо банана и половина жолчка Р:сладок компир, брокула, тиквици, карфиол со малку путер В:пудинк од банана, авокадо и гриз и какао прв пат ќе го правам ако успее ќе биде и утре исто за вечера