Имам уште едно прашање за денес, што правите ако овошјето ви се погоди бааги кисело, конкретно јаболка, крушка, до таа мера кисело што се стресува дете кога јаде, а јаболката е ајдаред, има начин да се спаси овошјето, а да не ставам шеќер??
@MikicaBt прв пат ќе го правам незнам што ќе испадне утре ќе ви пишам што ќе бидне.. Иначе планирам гризот да го сварам ама потечно да изблендирам авокадо банана и какао и да ги измешам и во фрижидер да се стврдне па тоа што ќе го давам вечерва да ставам ад млеко.. Незнам како ќе бидне
Рецепт за пудингот @eta @MikicaBt Состав: Варам пола шолја гриз Во сок од јаболко тогаш ицеден Една банана Пола авокадо Мало лажиче како И голема лажица кокос Го варам гризот во сокот од јаболко по теччно не да се згусни многу го тргам на страна да оладе па во блендер ставам банана авокадо гризот какао и кокос све блендирам и ставам во чаши од горе рендано јаболче и во фрижидер. Ова може и во вода да се вари, а и во кокосово млеко по ваша желба
Можеш да го искомбинираш со некое поблаго овошје, како банана на пример или пак со сува црна слива. Исто така убаво е и во комбинација со тиква или батат.
Д. Свежи боровинки, јаболко и банана плус 2 беби кексчиња (конечно најдов без шеќери) Р. Компир, спанаќ, брокула, лук и телешко В. Палента со кисело млеко
Девојки дајте идеа со што го мешате кус кус вчера првпат го воведов по рецепт на бебе готвач и малава не го бендиса дури нагон на повраќање имаше кога и дадов да проба.Приметив дека кога ја комбинирам црвена пиперка со карфиол или со брокула детето несака да јаде....
10++ Д: 5 житарки на Хумана со јаболко, праска и урма Р: пилешко, компир, бтокула, морков, пашканат и маслиново масло У: мандарини В: овесни снегулки со банана
По втор пат денес му направив урда. Имав кидело млеко што мајка ми го направи,беше многу и го имав веќе една недела во фрижидер,во него додадов млеко (Алпско) го проврив и го оставив во тенчере.Само си се оддели,сега го прецадив и покасно ке го ставам во фрижидер. За утре за доручек полесно ќе ми биде за мислење што да јаде.