Дали некој ги пробал на Лино? Какви се? Д: Палента со кајсија Р: Компир, кромид, тиквица, црвена пиперка, брокула В: ќе им дадам гриз со АД
11+++ Д.Авокадо,јагода,банана,боровинки,сецакни свежи. Путер лебче од пекара дур ја шетал татко и. Р.Пилешко со морков и боранија. В.Школки паста од спелта со спанаќ и моцарела.
9++++ Д: просо со кајсии и манго, ц.цимет и кокосово м. Р: батат ,морков,жолчка,кромид ,лукче,мм В: житарки со моцарела и кисело млеко
7+++ Д: пудинк од гриз, банана, авокадо и јаболко Лепче со грчки јогурт Р:полнети тиквички со телешко месо, пиперка, морков и кромит со путер У: овошен јогурт В:ноќна каша на хипп Од кога се смени сатот сме хаос со оброци со редослед, неможам никако да земам ред..
8+ Д: Тиква со просо Р: Зеленчукова каша со киноа В: Лебче со к.млеко Сеуште двајцата јадат блендирано и најмал остаток од парченце да има плукаат. Незнам како да ги навикнам да јадат парченца
Д. Просо, суви кајсии, банана и парче кокос Р. Компир, телешко, брокула и црвена пиперка В. Млечна каша со боровинка
Гадењето е нормално, ќе помине, фаза е која треба да се надмине со давање парченца. И малиов се гадеше, не прекинав да давам парченца и после некој ден прекина да се гади. И друг пат имам пишувано, пола каша мазно блендирана, а пола на сец во блендерот, да не е сосема блендирана. Двете структури соединети во една каша. Така некое време, па после малку повеќе со парченца, а помалку мазно и така додека се дојде до цела каша крупно блендирана со сецкање на копчето од блендерот. Упорно така давање и ќе навикнат. Пробај продолжи си го стариот ред, не мора ништо да менуваш. Ако доручек бил во 8, сега ќе е во 9. Ако легнувало во 7, сега во 8 ќе му дојде. Истото го тераш, само бројката на саатот се сменала.
Моево се навикна на парченца со лино смоки и лебче..му кинев и му давав си жвакаше после почнав макарони и шпагети му ги сецкав ситно и му ги мешав со кисело млеко или павлака за да му се лизгаат полесно да ги голта и сега јади без проблем
10 месеци Д:просо,банана,круша км У:тиква шечена,бисквити и ад Р:пилешко,компир,морков,брокула,кромид,жолчка и мм У:јаболко и слива каша на Хипп В:ноќна каша на Хипп со јаболка и бисквити Д:киноа,малини,вишни,аронија,пола јаболко и км У:лебче (прв пат)и абц сир Р:макарони,сладок компир,морков,тиквичка,домат,,кромид,моцарела и мм У:сутлиач неколку лажички само В:некоја ноќна каша ќе биде
10++++ Д: палента, дуња, јаболко, манго, портокал (1 ден) Р: компир, телешко, брокула, праз, кромид, патлиџан, тиквичка, МР У: круша В: гриз и ад
Ќе пробам, баш мислев да земам од смоките деновиве. Вие што имате веќе по 2 ужинки воведено и 3 оброка може ли просто да ми доловите еден ден јадење/спиење/млеко од како ќе стане до легнување во часови Треба да воведам веќе бар 1 ужинка, но сеуште ми имаат по 3 дремки преку ден и некако немам кога да ја дадам ужината се сме кнап со времево :/ Дури од кога имаат и 3 оброк поместено им е вечерното заспивање за 1 саат покасно, и се нервирам малку Фала женски
Или интегрален или најобичен бел леб зависно каков имам само меко со јогурт или к.млеко. Корка леб 2 пати сум дала ама не сакаат многу, ќе пробам сега со лино смоките морам да ги навикнам на парченца после касно ќе ми биде. @eta
7 - млеко 9 - доручек 11-11:30 - млеко кога ќе стане од дремка (ќе биде понатаму време за ужина) 13 - ручек 15:30 - ужина кога ќе стане од дремка 16:30-17 - вечера 19 - млеко Од прилика вака. Станува околу 6-6:30, а легнува со пиење млеко и до 19:30 е заспан. Денес испи млеко во 19 и заспа во 19:10.
Ќе ве замолам за некој рецепт со макарони? Си што ги подготвувате и како ги давате ,блендирано или со парченца? Имам дадено неколку пати парченца но тоа кога ние јадеме а за неа немам правено специјално.
Ништо посебно не спремам, ги варам и ги гмечам со вилушка да се искинат на поситни парченца..ги мешам со павлака и така му се омилени.. Ако е ден за јајце му рендам и варено јајце Или му спремам болоњезе сос- динстам мелено телешко со кромид...додавам домат оригано и оставам да поврие додека згусти мешам и толку