Мхмм супер. Ќе пробам и јас да давам така . А предлог за некој по калоричен оброк? Малава е една годинка за некој ден а мислам уште 10кг нема , ептен ми е некако слаба а не е родена мала Јаде околу 100 грама до 150 кашички, кога несум дома или купени или јас и оставам. На цицање сме уште . Инаку активно е сто на саат нон стоп лази,станува оди покрај мебел ,сама уште не се пушта. Спие и еднаш дневно .
Фала @оли буквално за час можеби час и половина све ни отиде.. Али еве денес го станав во 7 и 30 и сега сме многу блиску како твојот редослед.. Али многу му се спиеше одвај го разбудив. Колку пати неделно може жолчка да се дава? Ја обожава и леб буквално со се јадиме уште со банана не
10++++ Д: спелтини снегулки, кајсија, портокал (2 ден) Р: макарони од црвена леќа со сос од тиква, патлиџан, кромид, прокељ, карфиол, МР, микс италијански зачин У: овошен јогурт В: нешто со ад @kjofti4 Јас и есента кога се смена сатот, не му поместив ништо, си остана како што беше, само што тогаш според саатот заспиваше во 18:30. Сега исто така не му менувам, се смена саатот и тој заспива во 19:30. Во колку заспива што не можеше да го разбудиш во 7:30? Жолчка мене педијатарот ми рече дека може двапати неделно, независно од месото. И да давам месо секој ден, пак може жолчка двапати. Досега еднаш давав, не сум почнала двапати сè уште.
Пред да се смени сатот си легнуваше 20:30-21 најкасно, сега од 21:30-22 зависи.. Малиов ако го легнам во 19:00 омг нема шанси мослам да доспие до савајле во 4 сабајле ќе е на нозе.. Задоволна ќе бидам барем 20:30 да е во кревет, ќе си имам време за себе барем.. Во среда сум на вакцина баш ќе прашам што ќе ми каже за жолчка..
Д:палента со кисело млеко Р:жолчка со спанаќ У:банана со авокадо В: палачинки со намаз од грчки јогурт Детево мое не отвара уста ако е блендирано или готова каша пример ако сме излезени цел ден а носам каша за ручек хипп морам да ставам лепче или што и да е да осеќа дека има парчина, а во ноќните некое овошје сецкано
9++++ Д: гриз варен во сок од јаболка свежа,банана ,авокадо,какао ,к.масло. (рп од @kjofti4 лајк) Р: рижото со интегр.ориз,грашок,пашканат,морков,пиперка,м.м. В: макарони без јајца со кисело млеко
10 мес Д: банана,манго,авокадо Р: телешко, бунгур, тиквица,морков,м.м В:палента со моцарела и кисело млеко Ужина не секогаш давам, сметам дека нема да го изеди оброкот. Пред дремки 120 - 150 мл АД. Има 2 дремки од 1½ до 2 часа. Кога ќе се разбуди оброкот.
Здраво сакав да ве прашам од кога почнавте со кромид , ќерка ми има 8 месеци па дали може да и дадам , по колку , и варен само може така ? ☺
10 месеци Д:семолина на Хипп со банана и км У:смоки и јогурт,после дремка и едно смукалче на Холе Р:црвена леќа,морков,лук и леб У:печено јаболко,бисквити и ад В:се молиме со ноќната каша на Хипп од овес и јаболко
Моево е 11 месеци сеуште спие по 2 пати преку ден..Незнам за кг не сме биле на педијатар, ама има 3 оброци од 220 гр. И 3 пати пие Ад од кои 2 пати по 170мл и пред спиење 200мл.. Не сум гледала колку калорични се оброците оти не е еднаш ова јадево, секој ден по 3 пати да мислиш и комбинираш, па и гледам да не му ги повторувам истите јадења и давам се што ќе ми текни.. За доручек има гриз, просо, овесни, секогаш во комбинација со овошје или палента со к.млеко и јајце(го варам и му го рендам), или го пржам јајцето му додавам крем сир или моцарела и малку лепче.. Утре ќе ти допишам оти капната сум аи легнувам Уфф ич не се сеќавам ама околу 10м. Можи и порано да беше..
Мене ми е страв од сегашните домати да давам . А на ред ми е да го воведам. И незнам ...дали шери се помалку со пестициди ...тие бар мирисаат на домат (малку од малку)
@Chuchanov @Lady Leona И јас не би дала од доматите што сега се продаваат. Ако сакате да воведете, има и готови каши со домат, тоа ми е посигурно отколку од пазар. Јас дадов на 9 месеци и му ставам во јадењето, но имам домашни во тегли и мелени и на парчиња. Следниот пат и живи ќе замрзнам, за во манџи се супер.
Секоја год замрзнувам домати , домаши,за во манџи. Освен оваа ,некако , заборавив,ете. Има пелате кај мајка ми, но со сол и шеќер се конзервирани.
Кои житарки даваш навечер моето бебуле несака веќе од кутија каши никакви а многу сака млеко и јогурт па освен со палента немам со што друго.Од кутиите се пробавме и хип и лино ама не ги сака веќе