Јас овие ги купувам од Тинекс . И моево бебе не ги сакаше инстант кашите , овие со кисело млеко или со АД , многу ги јади.
Крем сир давам АБЦ јуниор или класик зависи каков имам отворено, а павлака од кораб трница, еве ваква Околу 9 месеци почнав да ги давам откако ги воведов останатите млечни(кисело млеко,јогурт, урда, моцарела)
Да те прашам лебчето го правиш или купечко. Сакам да и дадам , но некако се немам време , а купечко дека со квасец само го одлагам .
11 месеци Д: кускус, круша, дуња, киви (2 ден) Р: компир, телешко, морков, праз, патлиџан, тиквичка, МР У: јаболко В: овес, ад Леб уште не сум дала, но најдов рецепти и изнакупив разни брашна, па домашни ќе му печам. Не ми текнува, тонусот без квасец нема сол и адитиви? @Chuchanov Гледав состав во купечки бел леб, катастрофа е составот...
А зашто не квасец и тоа ме интересира? Јас домашен со квасец му правам. Кнаку на диме тој што е од хељда нема адитиви ама е многу тврд
Искрено по три дена ништо не воведував, можеби првите 2-3 намирници од страв после се почнав по 2 дена се до 8-ми месец од тогаш почнав се да давам затоа што требаше да полнам на работа и од страв да не му дадат нешто а да не препознаат алергија му воведов многу намирници кои инаку покасно се воведуваат..дури и жолчка не воведував по шема цел месец дадов првиот пат околу 1/4 уште 2-3 пати по пола и на 10 месеци цело јајце му пржев Сега почнав јаткасти да воведувам прв ден давам малку нема реакција нареден пат повеќе и толку.. Да не ти кажувам за јагоди и цитрусни воведени се Киселото млеко го дадов два дена останатите млечни дирек На почеток ептен се тресев после попуштив
Има сол мислам 1гр на 100гр така нешто беше. За една кришка не е проблем, секако пола ќе му падне. Ама некако многу е тврд.
Храбро од тебе ! И јас за утре се думам тарана домашна да дадам ,10 мес е бебе . Па и постот твој го читам сега... Нема што да се мислам .
Исто и јас од кога наполни 7м почнав да воведувам само по два дена, а сега на 8 све дирек давам и планирам да воведам намирници кои се за 9-10м сега да ги дадам од истата причина.. Едино јаткасти ќе оставам за послем годинка ради што имам јас алерија на све јаткасто, па да не има и мали некој проблем.. Храбро за јаготките кога ќе излезат домашни кај моите давам и јас
10+ Д:леб и АБЦ намаз У:печено јаболка Р:готова кашичка на Хипп со лосос У:смукалче на Холле со малина В:неколку лажици ад со бисквити Денес сама си воведе киндер буено удар ќе добиев
Д:кајгана од жолчка со павлака и лепче со слас изедено Р:ќофтина од мисиркино месо и просо У: смути со банана, круша и јаболко В: палента со к.млеко Д: гриз со манго Р: кофтина од тиквица со стек У: печен помфрит од сладок компир В: бомбици од гриз што ми остана сабајлето со овес, банана, јаболко рендано и цимет
Кукла , некаде низ темиве ,те читав дека даваш , месо од диво зајаче . Може да ми кажиш од кој месец започна ? И дали има нешто посебно при подготвувањето,освен што дооолго ќе се вари ?
Ич не се сеќавам кога почнав. Заедно со другото мевце би требало да може. За ова ќерче ма 8 ќе понудам. За приготвување го третирам исто како пилешко од аспект на варење/печење, за супа..