јас воведувам по 2 дена, освен појаки алергени, а ако почнам да ставам што давам, ќе сфатиш дека секој ден исто се врти Појадок. Праска, јаболко ориз на хип Ручек. Телешко, батат, кромид, морковче и прв ден грашак.
П. Слива, круша (тегла дм) додадено холе 3 житарки (просо, пченка, ориз) Р. Грашак, ориз, тиквица, мокровче, кромид, вода од мевце за шмек (планирам да динстам на вода).
10++ Д : вишни и боровинки го гриз Р : зајачко месо,морков,компир,лукче,3 суви кајсии , м.м. У: чизкејкот (домашна бисквита,грчки јогурт и малини) В: палента со моцарела и кисело млеко
како зајчето? Го бендиса бебе? Д. Суви кајсии, 1/4 банана, 1/4 авокадо и овесни снегулки Р. Компир, брокула, карфиол, морков и кромид за шмек
Д. Палента, боровинки и круша Р. Компир, праз, морков, карфиол и месо В. Палачинки со кисело млеко и малку овошје
@0ли да те прашам за маслото од репка на хип , сакам да порачам да ми донесат Имат ли рок долг и колку време ти трае едно шише одприлика , сакам бар 3-4 да си порачам ако имаат рок долг .
Немаат изгледа долг рок, пред Нова година добив три шишиња, со рок до крај на јули. Едно шише ќе ми траеше до крај на рок мислам, па го пијам и јас во цеден лимон и портокал или во салата ставам за да ги дотрошиме. Сега третото ќе го отворам, но сам нема шанси да го искористи за три месеци.
Здраво , имаме 8 месеци и 2 недели ама серумското железо ни е слабо , пиеме ферум сируп веќе две недели , баш сеа читам дека во какаото има многу железо па дали може да почнам , и ако може како да и дадам ?
Можеш со какао да почнеш, нека те советуваат членките кои дале како почнале. Јас сакав да ти кажам совет за железото многу е важно црвено месо(телешко) ссмо не му го мешај со млечни производи бидејќи ја блокира апсорпцијата Жолчката е многу добра исто. Спанаќ во комбинација со нешто што содржи витамин Ц. Сепак телото најмногу прима од железото од месо.
Месо и давам два пати во неделата мешано со брокула карфиол морков , незнам со кој да почнам мислам од краш какото да почнам
Баш ќе и кажам да виде кога ќе ги зима на свекрва ми рок , ама да не ризикувам подобро тогаш 2 или 3 да ми пратат само , јас секако ќе ги добијам порано пред да почнам на него да му го ставам . Фала ..