Супер пројде зајачето ,бендисано . Го сварив и замрзнав ,прв пат вака сварено замрзнувам . Ти кукла , маџун од кога даваше . За првото дете мислам ? Имам убав домашен маџун , па да го започнам,веќе . 10 ++ Д: авокадо , круша ,банана Р: телешко , ориз,кромид млад,морков , лукче, м.м. У: шмукалче на хипис В:житарки со кисело млеко ќе биди
Дали кога даваш пилешко и мисиркино, ставаш на пример џвекло, блитва или спанаќ? Телешко, на пример, давам 4 пати неделно. Вака ми е распоредот: телешко, пилешко, телешко, јајце, телешко, телешко, безмесен ден. Пред 2-3 недели му проверував крв, топ му беше, хемоглобин 130. Во безмесен ден давам мешунки (леќа, грашок, наут, боранија) со житарка. Телешко месо ќе си земеш, појачај малку, ништо не се два дена неделно, а во кашите купечки има премалку месо, 8 % најчесто гледам на декларација, што е, да речеме, во каша од 200 гр само 16 гр месо. Ако дадеш пилешко/мисиркино, стави ориз, на пример, стави и спанаќ, брокула и друг зеленчук по избор од тоа што е воведено.
Месото обавезно и го правам со компир морков тиквичка карфиол грашок боранија а јајце сеуште и немам дадено
Не мора само со компир, може и батат, ориз или друга житарка. Телешкото е важно за железо, давај 4-5 пати неделно. Просо исто така за доручек покрај останатите житарки со ротирање. Цвекло за доручек со јаболко, друго овошје и житарка итн. Спанаќ и цвекло двапати неделно, не повеќе.
7м Д: семолина, јаболко, авокадо Р: киноа, блитва, морков, пашканат, тиквица, кромид, јаболко, м.масло
Што ти е финтата со јаболко во ручекот? д. Вишна (1 ден), банана и 3 житарки холе Р. Цвекло, компир, кромид, тиквица, маслиново и телешко мевце
Ист случај, и кај мојата без јаболко ништо не поминува, дури и во тие каши со кромид ставам 9+++ Д: Банана, авокадо, кисело млеко и капини У: Пудинг со просо и суви кајсии (по рецептот на @dunika само без какао) Р: Телешко, кромид, ориз, морков, брокула (+јаболко)
Како ги спремаш малините за во каша ние полниме 10 месеци и имам смрзнати малини капини и вишни.За вишните ги става во вода некоја минута да повријат ама за малини незнам како тие немозам да ги варам
Би сакала да те замолам да ми пратиш слика од грчкиот јогурт што го користиш.Јас давав бучен козјак ама ми се исфрла мислев од пелени е ама не од јогурт
П. Вишни, јаболко, крушка и холе пченка Р. Ориз, блитва, младо кромидче, тиквица и морков. Вода од мевце за шмек.
Во зеленчукова каша, откога ќе ја спремам и испасирам, додека е уште топла, на крај путер додавам, пола лажичка и не често