Воопшто да не се грижиш, менуваат децата и тоа многу. Мојава кога беше помалку месеци, рано стануваше, рано легнуваше, оброци се на време. Еве сега е 10 +, заспива касно, се буди покасно, сите оброци подместени, а ништо не сум сменила јас, таа самата си менува. И од огромен јадач, што не одбираше храна, јадеше се што ке и даде, сега за доручек и вечера уста не отвара. Значи устата баш запечатена, не можеш ни со сила лажиче да и тутнеш. Така да што и да правиме, малите човечиња ни го диктираат денот
Таа е денес прв пат ја направив ама не беше течна убава густа испадна. Со помлака вода ама прашокот на кујнска вага го мерев. Ако имаш да измериш некако кога мерам не ми излегува така како што пишале т.е. лажиците се ептен полни прашок.
Мојава сака, како овошно јогуртче и доаѓа. Ставам и житарки ама денес нешто набрзинка беше и вака само пројдовме
Не знам зошто не ти испаднало ај ако бе успееш ќе ти сликам нареден пат кога ќе правам. Или помалку прашок си измерила или нешто повеќе вода...друго мислам нема што да
Веќе не бројам листа , од прилика една рака ставам спанаќ. 2 лаж ориз. И морков половина. Едно младо кромидче и жолчката.
9++ Д: јаболко, банана, киноа У: к.млеко Р: боранија, компир, пиперка, праз, тиквица и јајце половина ( сеуште воведувам ), путер В: гриз со АД
11+ Д:просо,банана и кајсија У:кифличка со АБЦ Р:телешко,ориз,морков,кромид,брокула мм У:пудинг на Нестле и смукалче на Холле В:нокна каша на хипп Д:фрутолино со крушка У:смоки и јогурт Р:црвена леќа,лук,батат,модар патлиџан,тиквица,мм и леб У:банана и пудинг Лино В:не сакаше Д:омлет (со малку белка) пржено на путер со леб и јогурт-многу и се допадна У:chesecake Р:пилешко,кус кус,морков,домат,брокула,кромид и мм У:смукалче на Хипп В:многу малку Хипп овес и јаболка
Тоа фрутолино (житарка со обошје и млеко) е од 6месеци, медолино, чоколино од 8 месеци нагоре. Фрутолино ако имаш воведено пченичен гриз можеш, со кајсија, јаболка, круша и праска мислам е. Ги гледав баш како опција затоа што ако не си знаела ги даваат во градинка.
Знам дека Лино производи даваат во градинка по внук ми, ако е тоа исто на лино имам се тоа воведено чисто да го ѕирнам ете за одмор за брзо спремање
Остај јас се преокупирав со одморот сакав хотел ама демек немало опција за храна за бебе во хотел во Грција (ова од агенција ми кажаа )
Гриз со овошје во прав мојата многу го сака а тоа чоколино и карамелино не планирам сега за сега да го воведам.Живкович ми препорача да и давам и пудинг на Лино,смоки и бисквити.
Таа Живкович малце, малце ќе се избаци со нешто. Не знам зошто што ќе му се смоки и бисквити за ужина. Инаку супер изгледа ова ќе го земам баш Искрена да бидам за Лино скептик бев не знам зошто дали дека кашичкине поевтини па одма сомнеж ми прај, а не би требало ама ете
9+ Д: просо,јаболко,праска Р:леќа,компир,кромид,морков В: тиква,АД,бисквита Д:овесни,банана,праска Р: телешко,тиквичка,пашканат,блитвс,морков,ориз В:к.млеко,палента Д:овесни,вишни,јаболко Р:телешко,брокула,цвекло,компир,морков В:хип готова каша Д:просо,цреши,банана Р:пилешко,златна мешавина,кромид,ориз В:гриз,банана,какао Д: овес,банана,круша,јаболко Р:: палента,цвекло,морков,жолчка В: холе ( праска,кајсија,бансна,житарка) Д:чоколино Р:телешко,боранија,тиквичка,морков,ориз,цвекло В:овесни ,к.млеко
Ниту еден хотел не сум сретнала со храна за деца, сем Турција. Ама па и тоа не е некоја беби храна, туку компирчиња, виршли, мини пицички, макаронони. Бебешка храна не сум видела. Ако сакаш во хотелот и бебе да се храни, ќе кажеш и од кујна ќе ти дадат пример ориз, компир, чистп мевце. Овошје секако има цело време. Јас бебе не би хранела со хотелска храна. Јас и вода од дома си носам за бебе. Еве каши пробувам готови и со тие ќе одам. Оваа недела сум во план домат да дадам затоа што кушечките (поубавите) сите се со домат.