9++ Д: тарана со младо сиренце Р: компир и пилешко потпечено со неутрална павлака и брокула У: пола шмукалче не сакаше зошто ручекот му беше обилен В: овес со јаболко со ад млеко и пудинк лино од ванила и бисквити хипп Утрешно мени во план Д:авокадо банана и грчки јогурт Р: јунешко со морков и сладок компир У: проја е во план како за нас така и за него В: макарони со павлака
Ние од 8.месец навака не цицаме, на аптамил сме . 8ч доручек 9:30 ужинка 10:30 прва дремка 120мл млеко 12-12:30 ручек 15-15:30 втора дремка 120мл млеко 17-17:30 ужинка 19 - 19:30 вечера 21 -22 ч заспивање со 150мл млеко Навечер се буди , пие 120 мл млеко. Од прилика така и е распоредот. Ако дремките и се подолги, има 1 ужинка.
Јас почнав да и давам свежо јаболко и круша некаде пред да полни 10 месеци. Малку е потешко за блендирање, но ставам јогурт или кисело млеко и житарките и добро излегува.
6++ Д:тиква и јаболко Р:компир, тиквица и кромид.Не сакаше да јаде,едвај 3 лажичиња, не знам што му беше. Не беше јаден претходно 3 саати. Изгледа не го бендиса вкусот. Не бев упорна ама ми е криво.
8 Д: киноа, јаболко, круша Р: пилешко, компир, морков, тиквица, масло В: дм ноќна со банана. На кашичката пишува дека треба прво да се загрее, ама го видов откако и дадов. Не е страшно нели?
А од жолчка и млечни не јави реакција? И ние сме исто на лице и само одложувам да воведам тоа од страв
Рендај, па блендирај Колку повеќе одложување, толку полошо. Дајте малку и полека зголемувајте. Ако треба и цела недела воведувајте.
8 Д: дм кашичка јаболко, круша, житарка Р: леќа (1ден), компир, морков, тиквица, лукче, масло В: инстант хип со јаболко Овие денови одмор од готвење, Охрид сме за проба како ќе биде на одмор
@Alishan30 @Milkiway батат често јаде во комбинација со други зеленчуци и го обожава него, работава беше да касне компир,ич не го сака,а една од главни намирници е.Изглда не сака каши без вкус.Се надевав кромидот дека ќе даде некој шмек.. Ај ќе се пробам пак. Д:просо, банана и 1 кајсија Р: тиква,авокадо Друго да прашам. Амарант имам земено во зрна. 6++ сме. Дали да чекам до 7м или да дадам од утре? Безглутенска житарица е ама пак да прашам еве. Според бебе готвач апкикација пишува дека може од 6м.
9++ Д: чоколино без шекер Р: потпечени макарони со јогурт, сирење, јајце и брокула У: плескавици од тиквина В: гриз со јаболко, банана, авокадо и какао
8+ Д: спанаќ(2ден)+ компир+ тиквица+ кромид+ путер+ резне јаболко Р: амарант+ авокадо+ круша+ јаболко @firequeenn нема штета од бататот, многу здрава намирница е, и да јаде често, не смета. Компир јас дадов крај на 7ми месец, не на почеток, можеби е главна намирница но потежок е за варење и не е толку вкусен како бататот иако млад компир и давам. Батат најчесто давав на почеток, скоро во се. Амаранотот таков и јас го давам, одвечер покиснат во вода, од 7м и 3 дена почнав да давам, не повеќе од 2 пати неделно. Безглутенска е да, не брзај. Можеш палента, ориз да даваш за житарки, а јас би почекала барем уште 1 недела за амарантот.
Кога ги воведував немаше реакција. Но , можеби е алергија од "бавен тип" . Незнам веќе што да правам . Ќе треба диета .