Па валда знаат педијатриве ќе терам вака ако згрешам ќе споделам па ете ќе знае друга мајка. Исто ако има некоја мајка со ад нека сподели. @Happyinlove твоево си е буце какко сте сега со храна?
Буцо мој каде 3 оброци. Нема ужинки давам млеко 3 пати. Два пати по 180мл и за заспивање 210. Сега периодов дополнително навечер бидејќи многу плачи давам 150 некогаш ги пие некогаш не. И качува 800-850 месечно. 11.600 е
Последно беше плус 3цм, мислам некаде 74цм. Ама вака да ја видиш тамански ми изгледа, си има образи, бутки, не е слабо
Не сте сами. И моето е буцко, среќа не качи многу за 2 недели па ја исфрли педијатарот идејата за вечера. Пред две недели беше 10.350 кг. сега го меревме пред 2 дена 10.470 кг. со 72 см. Ете кај тебе од дебелина сега седнало, моето седи ама едвај се превртува Инаку три оброка ад не ти е многу за него. Но, терај си по педијатар ќе видиш како ќе качува периодов.
Мојата е исто само на ад 6 месеци, во 24 часа ги пие 800-950мл. Сега на последните мерења беше 74цм со 8700. Почнав со дохрана амс се уште немам воведено оброк, не ми јаде повеќе си е по млекцето. Оброкот и е околу 50-60грама ретко знае да стигне и до 100.
9 Д: овесна каша со вишни, банана, какао, мелени бадеми Р: печени плескавици од тиквица, грашок, лук, морков, жолчка, пченично брашно. Се става и прашок за пециво. В: палачинки( гриз од крупник, јаболко, јогурт, вода, мм, прашок за пециво, цимет) Расположена за готвење денес
Зависи од детето ништо страшно. Ќе си почне да јаде па тогаш ќе замениш оброк со ад кога ќе изеде над 100гр барем од оброкот
7+++ Вчера: Д: просо + цреши (2 ден) Р: батат, пиперка (3 ден), кромид, лук, телешко Денес: Д: семолина+ цреши (3 ден) Р: батат, карфиол, брокула, малку блитва, кромид и мисиркино
Он веќе лази и се исправа и цело време е активен не може да се додржи што се вика па со ова темпо сигурно ќе се доведе во ред. Инаку права си јас да го примеа сега во градинка ќе почнеше и таму нежаше да го има тоа ад и че го пиеше само за викенд...
9+++ Д: 4 вида снегулки, авокадо, јаболка, круша Р: пастрамка (2ден), батат, морков, кромид, масло В: стандард некоја житарка со јогурт
Д. Гриз, банана, кокосово млеко, какао Р. Компир, тиква, мисиркино, кромид, тиквица, морков и маслиново В. Хип тегла
9 Д: Овес, банана и какао Р: Спанаќ, ориз,жолчка, брокула мм У: Кисело млеко со двопек В: Бисквита гриз ад
9 Д: 3 житарки микс на Холе, малку маџун, кајсии Р: мелено мисиркино, просо, птлиџан, морков, лук,мм В: од кутијата на Хип ноќна со јаболко