Телешко нели се дава покасно ? Моево е 5+ сега почнуваме со вкусови , Батат па тиквица планирам ако не сум грешка кај тебе е постаро 2-3 недели. До каде си ти ?
Да моето за некој ден прави 6м. Јас и ставам многу малку зошто педијатаров ми рече можам слободно. Се ова варам па после блиндирам и има убав вкус, ама моево не сака да јаде многу.. инаку почнавме од 4++ со вкусови ние..
Д. Јаболче, крувче и слива со амарант и овес Р. Макарони, доматно, домати, морков, тиквица и кромид В. Хип гриз Ова е прво мени после стомачен. Ко пиле јаде
8 месеци Д кисело млеко ( прв ден),палента и банана Р 2 компири, морков, телешко, грашок Д кисело млеко(втор ден), просо, банана Р телешко,пиперка,батат,морков Супер поминавме со киселото млеко, одлично го прифати, а и мислам дека убаво му доаѓа како освежување во овие жешки денови! Сега да ве прашам путер во кои комбинации давате? Со што да дадам?
@Kolache na mama на 7 месеци дадов прв пат, 1/3 пиперка варена заедно со другите зеленчуци. Сега летово кога ќе печиме планирам печена да дадам.
Да се самоцитирам @Kolache na mama денес овошниот јогурт со кисело млеко маф напраи и тоа за првпат 200гр ми изеде
Д: гриз со банана и цреши Р: пастрмка со ориз и морков У: пудинк лино В: макарони со сиренце потпечени Д: ништо три оброци фрлени ми ги плукаше Р: јагнешко со компир У: банана и боровинки В: кифличка и попатно смоки План утре Д: јајце со домат и печена пиперка со моцарела и лепче Р: макарони со мелено мисиркино и доматно У: овошен јогурт В: пица од просо
Рецепѕот го видов кај елена бубало на инста, таа ја прави со кисната киноа од вечер, вода, пециво и зачин кукурма или што сакаш и го блендираш го ставаш на хартија да се пече па кога е при крај го вадиш ставаш домата и кашкавал и ставаш пак да се печи кратко време и тоа е тоа
9 Д: гриз, праска, банана, јаболко Р: модар патлиџан (1ден), мелено телешко, кромид, морков, лук, масло В: житарка со јогурт
9+ Д: Палента, кајсија, слива У: Јогурт и двопек ( земав на жито пченичен со просо и сусам валда не згрешив со сусамов отпосле видов ) изеде со сласт Р: Макарони со телешко, домат и тиква В:Хип инстант јаболко и овес
Мајки дали во ова може да додадам нешто плус од веќе пробани вкусови и со што ако да, или вака чисто треба?? И до сега бебе ми е само на мајчино дали може да го подготвам со ад или подобро со вода??
Уште првиот пат дадов со веќе пробани вкусови. Имам ставано банана и праска, јаболко и слива, круша и слива, тиква и јаболко, батат и јаболко. Го спремам со вода. Си пишува и на самата кутија, ако правиш овошна каша со вода да направиш.
Вчера. Д: гриз мешан со шмукалче овошно на хип Р: тава пилешко со ориз,морков, тиквица, модар патлиџан,магданос, сос од домат, малку путер В: хипп јаболко со бисквит со ад млеко За денес беше во план риба ама сме ја потрошиле здравје утре. Денес, Д: просо, една мала банана, една мала праска, две кајсии Р: тава јагнешко, батат, морков, пиперка, лукче, магданос, мала лажица маслиново В: чоколино со ад Утре, Д: овесни снегулки со банана и круша, планирам мелени печени ореви за прв пат Р:пастрмка, ориз, блитва,брокула,лукче,маслиново В: хип пченка со ад Имаме 3 шиш ад млеко по 170мл и 3 оброци по 200гр и пак сме манекенки, да се здрави и живи. Мени во петок составуваат бабите и онака не слушаат ништо така да што и дадат тоа ке јаде Убав ден мајки и бебуши 9++
Како спремаш пастрмка? следно за 3 дена ќе давам тоа, па збирам искуства. И по колку и ставаш во оброк?првпат ќе дадам. Мислев да ја печам јас.
Никогаш не мерам месо и пастрмка од око давам, планирај нешто од грамажа оди во кожа и коски.Еве отприлика ширина колку наши 3 прсти толкаво парче, значи чистам ја делам на половина надолжно и сечам од половинките таа ширина на парче и замрзнувам.Вадам половина час пред печење да оджрзни малку. Најпрво ја печев сама пастрмката во алум фолија со неколку капки маслиново отпеилика 40 мин на 150степени. Сега во земјена мала тава со поклопец печам се, си олеснувам исто е кревко и меко, по печење ја вадам чистам коски и све во блендер. Најчесто давам со ориз или компир и лукче и др зеленчук што ми се најде при рака