9 Д: бомбици од овес, урми, моркови, сок од портокал и круша гризаше Р: мисиркино, ориз, брокула, тиквица, морков, мм В: гриз, ад, банана Едит: јадев лубеница јас пред ручек па и од тоа мезеше малку, и исеков на ленти
Тавата со јагнешкото прво го вариш па после се потпечува заедно со другите? Или се вариш заедно да потпечуваш? Не сум правела таква тава
Месото ми е подготвено изварено од претходно и складирано со малку водичка во која се варело во замрзнувач. Само утрото вадам тегла да озмрзне, и јагнешко и пилешко чувам вака, телешко вадам кога се прави за нас пред да се запржи. Ја истурам цела тегла во тавата со сецкан на ситно зеленчук и заливам со вода колку да го покрие зеленчукот, проверувам одвреме навреме дали има потреба да се достави водичка. Негокаш ми останува повеќе течност но си ставам во блендер онолку колку сакам да биде густа кашичката. Зеленчукот ми е како варен никогаш не се потпечил да е сув, ама мене лично ми е повкусно вака, и најботно нема многу садови за миење
9+ утре мени Д: Овес, какао,банана Р:Тава со јагнешко, компир, тиквичка, кромид,лук и уште нешто ако се најде. Од феминката идеја. У: Кисело млеко со двопек. В: Гриз со ад и некоја бисквита
Д. Банана, јагоди, авокадо и овес Р. Пастрмка, компир, брокула, тиквица и морковче со мм В. палента и кисело млекце.
11++ Д: две кифлички со павлака и една кајсија Р: леќа со свеж домат и лепче У: сладолед В: ноќна каша хипп
7++ Д: тиква и јаболче на хипп (2ден тиква) и 2 лобело бисквити Р: телешко, батат, морков, брокула, пиперка, спанаќ и мм
9 Д: просо со малце маџун, кајсија и праска на парчиња. Конечно пројаде просо Р: патлиџан, батат, тиквица, брокула, кромидче, мм В: јогурт и мусли веројатно ќе биде или јогурт со житарка и банана
Д. Јаболко, крушка, ананас, експандиран амарант и хип житарки Р. Макарони болоњезе а ла мама В. Тегла хип, ќе се шета
Еве како изгледа мојата подготовка, да ти дадам идеја ако не си правела до сега, пастрмка, компир, половина морковче, пашканат, лукче, мала лажица маслиново
Д: палента, жолчка, малку путер, 2 маслинки, кисело млеко, јадеше за чудо Р: пастрмка, компир, морков, пашканат, лукче, кромид, маслиново м, и 5-6 зрна грав за проба прв пат В: печено јаболко со мелени бисквити лобело и ад млекце. Се блендирано до најситно се дави, не џвака иако има заби, ме полуде 9+++
Многу убаво изгледа, исто и јас ќе направам, имам уште еден ден диња, потоа 2 дена праз и ја спремам пастрмкава. Кажи ми во фолија колку време да се печи, во земјено ли ти е ова ставено или во тава?