Може да е до тоа, но не јадам цвекло ниту јас, а моето обожава цвекло во каша. Пробај да ставиш путер малку деновиве или ставај нешто што го обожава колку да ти ги јаде кашите па врати се на старата шема или пасирај. Може е спремен за поцврста храна. Друго што ми текна, кога почнав да ставам масло од репка или маслиново почна да ми јаде само по 50-60г., и од тогаш му давам прво 10 лажичиња да го осети вкусот па додавам од маслото. Секако не исклучувај заби, скок, жешко.... Се надевам период е. Направи и мојот 8. Уште домат не сум му дала, а имам домашен. Кажи ми како го спремаш?
Д: палента, јаболко и круша (многу му се допадна) Р: компир, пилешко, тиквица, малку црвен кромид и мм (заборавив морков)
И имам давано лепче од средината, ама минијатурни парченца. Инаку, додадов јогурт и изеде половина кашиче околу 80гр... Ќе се престрашам, ќе почнам со парченца наскоро. Фала ви за поддршката и идеите
Од колку месеци давате парчиња ,А не блендирано? И дали за да почнам со парченца е услов да има извадено забче? Инаку 6++сме
Од 7м почнав со парчина, не мора да има запчина. Услов е да седи самостојно во храналка ночина да не висат и да биди на 90 степени. Синми јави интерес за парчина на 6 и пол месеци али бев скептик дека јас си правам филм и дека го форсирам дете на нешто што нге е спремен и затоа чекав на 7м
Му правам овошен јогурт ставам во шише јогурт со вишни,боровинки, малини што ми се најде и си го пие. Кисело млеко и двопек или палента Шмукалче на хип Сок од јаболко на хип му давам... Тие ми се идеите не јаде парчиња и не знам што друго да му дадам.
Моето е 7+ и има 5 запчиња, страв ми е да почнав со парчиња, а кашичките некако без веза ми се. Тој и сам ми ја трга чинијата со рацете кога јаде. хајд ќе пробам за доручек, банана, јаболко и авокадо да му ставам на масичка да видеме.
8 м Д: јаболко,цвекло,банана,фрутолино Р. телешко,грашок,карфиол,компир,кромид Пиеше и сок од диња. Блендирани неколку парчиња и цедени низ цедалка,многу му се допадна.
Моја препорака јаболко не поготово не свежо. Ако сакаш меко обарено може свежо не поготово не на почеток ни круша ни морков свежи не залетнуват ќе си направиш непотребен стрес нека совлада малку па можеш и свежи
7++++ Д: палента, круша, вишни, кокосово Р: ориз, спанаќ, цвекло(2ден),тиквичка, модар патлиџан и путер
Да обарени мислев. Му давам смоки во рацете си грицка, ама до пола ко ќе ја изеде после на раката јади и се каса со запчињата и се нервира.
Истото го правеше па поготово лино смоките толку се лепливи што пола ќе ја јадеше пола на лице во коса на чело излепен цел беше
9 Д: јогурт, мусли, праска, путер од лешник лижна( прв ден) Р: пилешко, модар патлиџан, батат, морков, кромид В: хип бејби бисквит ноќна
7++++ Д: просо, праска, слива, пола круша и кокосово Р: мисиркино, компир, грашак, модар патлиџан, путер
7++++ Д: гриз, банана, диња(1ден), цимет, кокосово Ова ми беше само со вилушка испасирано одтавив и парченца и не се бунеше јадеше Р: батат, модар патлиџан, тиквица, морков, путер Само зеленчук да го одмориме мешето и да пробаме дали ќе ми јаде батат