Вчера Д: банана,праска,кајсија и овесни снегулки Р: мисиркино (прв ден),кромид,батат,морков и целер; Денес Д: банана,слива и хипп пченка Р: мисиркино (втор ден) кромид,морков и компир
8+ Д: овесни снегулки, пола банана, кајсија, цреши, јогурт, цимет Р:црвена леќа(2ден), батат, модар патлиџан, пашканат, путер
7+ Д: хипп пченка, крушка, слива, нектарина и пола банана (пола сам ја изеде) се тоа пасирано. Р: компир (пасиран) тиквица, спанаќ и малку кромид, мм (во блендер) после ги измешав многу убаво испадна.
Колку количински ставате, секогаш се мислам да не е малце или мн, дали од сите овие овошја цели или по пола
Зависи од големината и со што ќе ги комбинираш и пто сакаш да преовладува Ако мислам дека нема да го држи тоа што го спремма цела банана ставам од другите по пола, или ако има проблем со меше ставам цела круша или 2 сливи Во принцип малите овошки ѓи ставам цели, од поголемите знам да делам
8+ Д: палента, урда(1ден), мм и едно јаболко Р: мисиркино, просо, спанаќ, путер Утре Д: гриз, банана, круша, кокосово Р: компир, морков, тиквичка, пиперка, урда(2ден), мм
7 месеци Вчера: Д: слива, нектарина, банана, јаболко и семолина од хипп; Р: телешко, батат, морков, пашканат, тиквица, модар патчиџан, кромид (прв ден), путер и ориз од хипп Денес: Д: банана, круша, нектарина и семолина од хипп; Р: телешко, тиква, батат, пашканат, модар патлиџан, кромид (втор ден), путер и пченка од хипп
Денес, 9++: Доручек: просо, банана, јаболко, праска После првата дремка: малку праска блендирана со водичка(ова е колку водичка да се напие ставам парче овошје да се залаже). Ручек: макарони, јунешко младо варено, динстан домат со маслиново масло и кромитче и малку моцарела. Вечера: гриз со ад и банана и неколку Лино бисквитчиња.
прашање, гледам доста различни намирници користите за еден оброк, дали дента ги готвите секогаш или однапред спремате, па замрзнувате и одмрзнувате по малку на ден по потреба?
Јас до сега (10месеци ќе прави деновиве) истиот ден ги готвам. Завчера сварив поголема количина зеленчук и замрзнав да ми се наоѓа за кога ќе немам време да варам. Ќе ги искористам до 21ви тогаш одиме на одмор ама не знам колку смеат да седат замрзнати. Мислам дека не е проблем за краток период
9 Д: гриз од крупник, путер од кикиритки и банана. На страна лубеница и круша гризаше малку Р: пилешко, батат, спанаќ, тиквица, брокула, мм В: хип ноќна oat apple
10м Д: Крупник и бабана со малце какао У: Шмукалче и сок од јаболко Р: Мисиркино, макарони со доматен и тиква малце В: овес со бисквити и ад
До сега само свеж оброк му правам/давам. Ако сакаш да замрзнеш, има споделени мислења/совети од мајки кои замрзнуваат одредени намирници. Пребарај на search во темата "Воведување на цврста храна кај бебињата".
Јас дента свежо секогаш , освен месото го делам на коцки и варам па го ставам во ќесенца или чашки и со водичката го замрзнувам и вадам кога ќе давам дента па само го додавам во останатите зеленчук што го варам. Денешниот оброк Д: просо со јаболка,круша и кајсија Р: батат, тиквичка и блитва
Денес, 9++: Доручек: снегулки од спелта, пола банана, слива, круша и неколку домашни вишни (имам замрзнато). Ручек: ориз, цела жолчка од домашно јајце, модар патлиџан, кромитче, тиквица, 2 тркалца батат (ради блажина на кашичката), маслиново и пиперка. Вечера: палента со малку павлака.
8++ Д: палента, пола банана, слива, кајсија и кокосово Р: ориз, брокула, тиквичка, модар патлиџан, путер и малце урда
Ја баш пишав од веро на тацна свежото од натура дека не ми се погоди засмрдено беше. Сега втор пат од кам исто на натура во тацна земав супер е
Од Кам, Тинекс или Стокомак,на Винџија хрватското што е во тацна,има и како гради и мелено,секогаш е свежо.