Откако тргнав на работа ручекот му го правам од вечер и ставам во фрижидер.Другиот ден само да се притопли во сад со топла вода да се стави теглето.Морам вака бидејќи на работа сум до 15ч. и додека си дојдам немам време да му спремам ручек а сакам домашно да приготвам.Ако сум втора смена на работа му спремам истиот ден. Доручекот житарка со овошје секогаш истиот ден спремен. Да напоменам дека имам замрзнато и доста зеленчуци кои ги користам максимум за недела и пол(освен грашакот,тој трае и подолго).Имам замрзнато: вишни,кајсии,боранија, тиква, цвекло,брокула и карфиол,блитва, спанаќ, месо(пилешко и телешко), малини и капини(не сме стасани до нив) и бујон. Да се надоврзам за денешното мени Д:јаболко,банана и амарант Р:телешко,батат,морков,грашок
8++ Д: просо, пола банана, нектарина, пола круша и цимет Р: телешко, компир, морков, брокула, кромид, мм
Семолина е гриз од ориз,така пишува и на китијата.Имаш на хипп,холе и овој е со млеко внатре,не е како другиот ориз на хипп.Безглутенски е.
Дајте идеи за вечера 9+ домашно приготвена ама без АД. Само палента со јогурт или кисело млеко ми текнува..
Има семолина на Холе таа е гриз од пченица и е 6+ (со глутен) Таа на Хипп што е 4+ е гриз од ориз и е без глутен.
Овес со вода потопен банана какао Гриз со бисквити Крупник снегулки со бисквити Крупник во форма на гриз Просо можеш со јаболко ако ја даваш вечерата пред 20ч Можеш зеленчук да пробаш пр морков брокула со просо ( ја не давам зеленчук ноќе ама педијатар вака ми даваше идеи) Инстант хип бисквита или хип јаболко се многу убави и готовите тегли