Има посебна тема за слики Од вчера П: гриз од ориз и круша Р:леќа, компир, кромид и морков+маслиново масло Приквечер ѝ дадов малку пире од варена јаболка Од денес П: палента и јаболка Р:леќа(втор ден), тиквичка, пашканат, кромид и морков+маслиново 7+
Црвена ли леќа даваш , по колку ? Имам дома баш се мислев и јас за неа. 7++ Вчера П: Праска , јаболко , слива и овес Р: Телешко , црвена пиперка , домат , морков , маслиново , кромид Денес П: Просо , банана и вишни Р: Пилешко , цвекло , морков , тиквичка , компир , маслиново масло
7++ Д:Овес,јаболко и тиква Р:Компир,ориз,тиквица,модар домат,кромид и путер В:Овес,крушка и слива (хипп тегла) Од денес почнвме со вечера затоа што многу слабо јаде од ручекот. Ручек 50 вечера 150 грама лапна
9++ Д: пржено лепче со павлака Р: Хип кашиче со макарони, шунка, морков и патлиџан В: овесна инстант каша и рендана нектарина Вечера нудам веќе еден месец, денес прв пат да изеде околу 100гр.
здраво малата ми е 7++ месеци треба да и воведам кисело млеко ,урда ,јогурт телешко месо,пилешко ,и мисиркино може ли да ми дадете совет кое со што да комбинирам и чисто совет за к млеко,урда и јогурт на што фирма да зимам Фала ви однапред прво дете ми е па не сум баш упатена
Кога воведував ставав по една голема лажица, сеа по две и ми е таман за ручечето Инаку ја варам заедно со батат или компир, морков, пашканат, тиквичка обавезно скоро во секое јадење за да не додавам вода онс доста пушта и супер густина ми искача и плус малце лукче(ливче) Вариш се заедно и блендаш Некад додавам и лажиче јогурт или од грчкиот ако имам зашо баш му доаѓа ко потаж па ептен му се свиѓа така Инаку е убаво леќа еднаш неделно јас така практикувам за железото
Здраво маички ние сме 3+ и уште малку ќе треба да почнеме со кашички. Знам дека треба овошни за почеток. Дали може да ми пишете некој рецепт за кашичка, овошна, јаболка, крушка, банана.. Фала маички, поздрав убав ден
И сама си а кажа кашичката , рецепт нема Вариш , блендираш , даваш На старт секоја намирница по 2-3 дена даваш поединечно , после спојуваш комбинации , можиш стара со нова намирница . Па стигаш до оброк , скролни нагоре , назад има мн идеи
Фала мамичке, ќе видам што и како... Инаку сакав да прашам со адаптирано млеко им ги правите.. Ние сме со хип
Д: просо,цвекло и банана Р:праска,овес, какао В:оризови тестенини со урда и брокула *одмараме од месо денес