Јас колку штознам( нека ме корегира некој ако не е така) житариците содржат протеини и јаглехидрати и корисни масти и растителни влакна кои се препорачуваат за вечера а се далеку полесни од месото и одреден зеленчук. Не содржат шеќери. За вечера може зеленчук ама лесен, а кој е полесен за бебе- само млада тиквичка....не ми текнува друго. За млеко кој цица мајчино а кој е на ад има повеќе комбинации со нешто да го помеша.
Ќерка ми не јаде кисело млеко ниту јогурт. Палентата со урми. Јас за вечера ако не и ставам барем малку овошје да смени вкусот нс житарката нема да јаде. Чисто просо или киноа нрма како да пројде ..
11:00 банана со млеко и бисквити 14:00 свежо исцеден сок од јаболко растворен со вода испи 110мл 16:00 компир, морков, пашканат,телешко месо и една голема лажица кисело млеко (ми изеде одвај 40гр). Мислам дека тешко ќе ни оди со зеленчуковите каши. Излгедаа ќе бидам принудена да употребам сол и да знам дали ги нејќе бидејќи се блуткави или едноставно сака повеќе благи вкусови. Ќе тераме уште малку вака со кисело млеко, па ќе видиме што понатака. Преку цел ден испи 150мл вода.
@Nova a kako go cuvas veke iseceniot patlidzan??? Planiram utre da i dadam patlidzan pa za 2-3 dena ke mi treba.
Му ставам фолија од онаа прозирната што лепи, па го виткам во ќеса и во фрижидер. Не ми има потемнето досега.
Нашето денешно мени: * Доење кога сака, колку сака! - Појадок (11:00-12:00) - Каша/ Јаболко и сливи * Доење кога сака, колку сака! - Ручек (15:00-16:00) - Каша/ Спанаќ, брокула, ориз и млад кромид * Доење кога сака колку сака! - Вечера (18:00-19:00) - Каша/ Babydream BIO млечна каша со кекс Ручекот му се допадна ПРЕМНОГУ, секој залак го чекаше со отворена уста
@Jagoda123 која е таа каша babydrim bio со кекс? Чија е? Или слика имаш? За денес: - појадок каша од киноа и модра слива - ужина варена тиква и јаболко - ручек каша од бифтек, зелена пиперка, млад кромид и тиквица и малку боранија - и за вечера најверојатно од хумана ќе дадам каша од хељда и јаболко.
@leona83 од Германија ми донесоа една млечна каша со кекс и уште една со јаболко. Не знам дали ги има кај нас, треба да се провери во dm. Имаат еден куп убави производи за бебиња Babydream, од играчки, пелени, козметика, кашички, цуцли, шишиња.. Мене се што ќе ми донесат за бебушко од таму, буквално се ми се допаѓа. Верувам дека и кашичкиве им се добри.
Нашето денешно мени Појадок- каша од јаболко, слива и праска Ручек- блитва, ориз во телешки бујон + кисело млеко Доење кога сака и колку сака
И јас барав, но за жал ги нема повеќе барем во мојот град. Јас си поралувам по таксистиве штп одат Грција. Обавезно некој влегува во Лидл
И...ти го јадеше ли оризот со телешко,блитва и кисело млеко? Утре планирам тоа да и спремам на мојата бебушка. Се мислам на кој начин да и ги давам зеленчуковите и ,,крадам,, идеи од тука. Ми јаде едвај по 50-60гр од зеленчуковите каши и мислам дека е малку е . Денешното мени: -11:00 круша со бисквити 200гр -14:00 свежо исцедн сок со јаболко и морков -16:00 тиквичка,брокула и пашканат со кисело млеко околу 50гр...се мислам какво чаре да барам Преку цел ден вода и цицање.
приметив ако му се потечни кашичките јаде по 100 гр инаку по 50-60 гр месото го вадев денес прв пат ќе му дадам, а си јадеше и одвај чекаше да му дадам пак му давав2-3 лајчина од ручекот па 2 к. млеко и така се си изеде janula тиквичката ја варам со ориз или компир, морков и пашканат