Брокула , морков , внатрешноста од тиквичката и малку карфиол , патлиџан малку исто . Се заедно со пилешко филе исецкано на ситни коцки , првен зеленчукот и месото ги обарив малку па ги ставив во тиквичката и се полеваат со жолчка јогурт и павлака , и малку оригано. Многу вкусно и брзо , ручек за сите. Од hanamamakana на инстаграм ми е рецептот
Се заборавам да пишам 7+ Д: лосос и морков Р: кускус со грчки јогурт и боровинки, боровинкиве го обожава, цела се тресе од радости коа ќе го види
Здраво мајки сакам да ве прашам малава има 9месеци и сакам да и дадам жолчка како ја давате со што да ја комбинирам и за подобра крвна слика што да и давам повеќе освен спањак
Д: Палента, тиква, банана и урма (2 ден) Р (во план): компир со тиквица и карфиол (плус карфиол на страна за грицкање)
Јас давам жолчка со спањак и ориз, или со боранија и морков. А сигурно можеш цвекло, брокула,.. месо, аронија,.. за крвната слика. Зависи што имате воведено од намирниците.
За доручек обично оди овошје со некоја житарка. За ручек месо, риба со некој зеленчук. За вечера или исто што и ручек или житарка со зеленчук. Овошје не се дава попладне и навечер пошо може да направи проблем со спиењето, затоа е најдобро овошје од сабајле до кај 13-14 најкасно.
Ее супер. Баш убаво ми објасни. Ние почнавме со вкусови пред 3 недели. Од 4-6 ги поминавме. Освен 2 житарки. А месото е од 6-8. Баш ја прашав мат. за месо ми рече на крај месото. Значи ако почнувам оброк тоа би било со доручек, така? Пиеме млеко ноќе, последно некаде 5 часот а прво млеко сабјлечки ни е 9,30-10. Значи доручекот би бил тоа време?
Да, прво ќе почнеш доручек. Така накај 9:30-10. Гледај од прилика саат време по будење да нудиш јадење. Као измеѓу будење и прва дремка. Една недела давај доручек ако јаде понуди и ручек после тоа. Ако не го јаде ручекот почекај уште една недела. Вечера здравје накај 8-9 месеци. Кога ќе воведеш месо и риба гледај секој ден или преку еден да нудиш, треба да јадат месо заради железото, да не им падне.
Од кој месец е најдобро да се воведе месо? Дека во табелата од 6-8 м има многу зеленчук и овошје и ако чекам да ги пробаме сите па месото на крај ќе не фати 12 месеци.
Јас и давам парчиња и комбинации за во кашички не би знаела да ти кажам. Јас и давам пример ќофтиња со мелено телешко, тиквичка, морков некогаш и модар. Или парче месо со брокула, карфиол, спанаќ. Од 6-7 месеци е идеално да се воведе месо бидејќи од 6 месеци нагло им се зголемува потребата за железо, мајчиното млеко не може веќе да им обезбеди доволна количина и мора преку храната да внесуваат. А железото од месото најубаво се апсорбира. Почни со телешко мевце и со месото воведувај ги зеленчуците. Можеш исто да даваш и мисиркино и пилешко. Пилешки џигерчиња и паштета од нив можеш да направиш.
Hipp first baby biskvit klot meleni sto se. Imam i od celite zemeno ama tie ne se ubavi vo voda tuku so sok ili majcino/ad
Јас сум Америка овде ми препорача педијатарот од 7ми месец. Ма да ако сте почнале порано со зеленчук овошје можеш и 6ти. И алергените да се воведат кога сте почнале со храна обично 6+. Јајце, путер од кикири, јагоди итн...