Денешното мени (за бебиња до 1 година)

Дискусија во 'Бебе' започната од girl1985, 9 август 2012.

  1. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    29.155
    Пол:
    Женски
    Вчера
    08.00 доење
    09.30 праска, јаболко, круша со овесни снегулки (замрзнати праски имам)
    11.30 доење
    14.30 макарони со пилешко и зеленчук - морковче, пашканат, тиквичка и маслиново масло
    17.00 доење
    19.00 малку павлака со банана
    20.00 житно млечна каша ванила
    22.00 доење
    И водичка преку ден околу 200мл
     
  2. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    здраво мајки
    интересна тема и убави идеи за оброк , ја пратам цело време
    синко има 6 месеци и 2 недели
    само на доење бевме до 5 ипол месеца па почнав со воведување храна .
    До сега само овошје и зеленчук имам воведено . Уште спанаќ и блитва треба да воведам .
    Е сега сакам да почнам со житарици ама се двоумам дали да чекам до 7 месец ?
    За нокен оброк земав од хипп каша со житарици и слива ама читам дека има и млеко а до сега нема пробано др млеко освен моето , некој да не има искуство со ова ? И какви житарици користитие вие ?
    Исто сакав да прашам кога воведовте цвекло ?
    инаку за денес
    доење кога сака колку сака
    доручек - јаболко и слива
    ручек- каша од сладок компир , брокула и тиквичка со маслиново масло
    вечера -тиква печена
    после оброци водичка и сокче од јаболко и морков
     
  3. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Нашето денешно мени:

    * Доење кога сака, колку сака!
    - Појадок (11:00-12:00)
    -
    Каша/ Банана и круша со овесни снегулки
    * Доење кога сака, колку сака!
    - Ручек (15:00-16:00)
    -
    Каша/ Телешко месо, зелена пиперка, тиквица, карфиол и просо
    * Доење кога сака колку сака!
    - Вечера (18:00-19:00) -
    Каша/ Палента и кисело млеко
    (Помеѓу оброците парче јаболко во хранилка со мрежичка)

    Прв пат воведувам зелена пиперка, знам дека е богата со витамин Ц па ме интересира дали можам нејзе да ја блендирам свежа или е тешка за бебешкиот желудник?
    И уште нешто.. Дали некоја мамичка пече пиперка, па истата ја блендира со другиот зеленчук или само ја варите?
    И кога можам да воведам црвена пиперка? Веројатно штом имам воведено зелена, наскоро можам и црвената да ја воведам или сепак не?
     
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Јаглехидратите се шеќери, тоа е едно исто....Овошјето содржи фруктоза кој е моносахарид (прост шеќер), а житариците содржат полисахариди (сложени шеќери) кои од биохемиски аспект поспоро се разложуваат од простите шеќери.
    Но бидејќи не сум нутриционист не би знаела да кажам зошто овошје Не навечер, само знам дека се советува житарици за доручек, а чудно- се препорачуваат и навечер :?:

    @Jagoda123 некаде имам читано една табела во која стоеше дека црвената пиперка се дава 2-3 месеци после зелената..
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    1.134
    Јагода јас зелена не ни имам дадено. Почнав на 9 директно со црвена и ја правам и нејзе на пареа како се останато. После вадам парчето и ја тргам лушпата.
    Свеж зеленчук минимум после година многу е тежок за мешето.
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.548
    Овошје Не навечер затоа што содржи шеќер кој брзо се разградува, особено амо нема актвовност (ако се спие).
    Житариците содржат шеќери кои споро се разградуваат и "чекаат" да бидат употребени кога ќе има физичка активност, наместо да се складираат како масти.
    Бебешката храна ја викаме бебешка, а храната што на тој начин ја употребуваат возрасните ја викаме здрава храна.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  7. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    И денес маки со зеленчуковите каши. Полудувам :@ !
    Станавме порано и појадокот ни беше порано во 09:00 - круша со бисквити и со мерак си изеде 200гр.
    Потоа пиеше вода и 50мл свеж сок од јаболко.
    Сега во 13:00 пробав да дадам зеленчукова каша, најпрвин од Хипп (за прв пат зеленчукова од тегла), ја нејќаше, пота спремив јас ориз, морков,брокула и телешко-си ја фрливме целата. И доаѓа нагон за повраќање :puke:. Не знам да ја спремам??? Не и е вкусна? Како ја правите вие? Јас варам ориз,морков и брокула на тивок оган, додавам малку маслиново масло и на крај кога блендирам лажичка кисело млеко за да има вкус. И завршува во ѓубре.
    Потоа отворивме гриз со бисквити од Нестле бидејќи немав нерви повеќе за спремање нешто ново.
    Значи од сабајле само благотии јадеме... |(
    Се плашам дека ќе се заучи на блага храна и дека ќе имаме проблем.

    Се испразнив...ми мина малку нервозата и инаетот :mm: За неколку часа ќе и понудам печена тиква,еве сега ќе и спремам.
    Ја тупам ептен...знам, ама нерви искинав со зеленчуковите каши :whew:
     
  8. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Е па има нешто зошто е така:) ама знам дека колку повеќе ќе размислувам и читам ќе се чудам што воопшто да дадам на бебето...
     
  9. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Исто и јас.....веќе се спобудалев само од читање и планирање, а уште асално не сме почнале да јадеме :drunk:
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Пробај со варена тиква, не е толку сува како печената. Или додај во зеленчуковите каши да нешто од овошје што многу го сака и малку зеленчук па потоа зголемувај го зеленчуковиот дел.
     
    На snegulkata му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.548
    Ако ти е за утеха има и полошо. Ние ништо не сакаме да јадеме. Веќе повеќе од еден месец како се мачиме и со овошје и со зеленчук. А докторката вели мора да јаде, ќе му ослабне крвта. Ама уште бараме начин...мака голема, аххх...
     
  12. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Колку време ја варите тиквата?
     
  13. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Ќе провериш со вилушка, многу брзо се вари.
     
    На donna.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Доручек
    Каша од јаболко и тиквица (ја обожава).

    Ручек
    Кашичка од компир, морков, брокула и пилешки бујон.

    Вечера
    Палента со кисело млеко.
     
  15. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Jas imam vovedeno crvena, zelena i zolta. I toa gi vovedev edno po drugo. Nema potreba da cekaas. Ja varam i ja lupam i jademe. Ama za surov zelencuk se uste mali. Moze da im stvara kiselini.

    Inaku nie vtor den kako vovedovme patlidzan. Zdravi i zivi od polni 9 meseci ke pocneme so zolcka.
     
  16. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    мамички за тие што се нервирате со нејадење зеленчук, ние бевме исто меѓу нив али пу пу пу деновиве нешто се вративме во форма, најверојатно им е некој период или незнам што беше... и ние мака мачевме али еве последниве два дена сме ок, мешам компир морков младо кромитче и малце јогурт и ја јаде , јас жива пресреќна пошто исто и мене ми се смачи од правење и фрлање..... така да мора да сме упорни и нон стоп да нудиме , некогаш ќе успее :D
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Тиквата ми ја јаде, поблага и е и немаме проблем. Досега на повеќе пати и имам давано печена тиква (онаа пртокаловата) и ја помесувам со мајчино млеко или со сокче. И вчера ми ја јадеше.

    А за зеленчуковите каши дајте ми идеа како да маскирам зеленчук. Имам пробано јаболко со морков и тоа го сака... Ами ете на пример денес пашканат и зелена тиквичка со пто да ги маскирам.. Јаде и банана и круша многу, ама некако ми е чудно да ги додадам во зеленчуковата каша.
     
  18. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Не е чудно, јас познавам луѓе кои во кашичката со месо ставаа малку банана само за да ја јаде. Или тиква, штом ја јаде ставај, само да јаде:) ако јаде палента по малку од неа со зеленчук, јас така правам.
     
  19. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Ќе пробам Леонче, чудно или не чудно мое е да направам се за да ги јаде. Ќе пишам што сум направила!

    Леле најискрено се осеќам многу досадна, на глава ви се качив со нашиот проблем нејадење на зеленчукови каши. Ама ако овде не прашам немам каде. Сите околу мене (золва ми, сестра ми, јатарва ми, мајка ми) бебиња гледале со манџи така да смешна сум и со блуткавите зеленчукови каши.
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Сите така сме пораснале ама некако поинформирани сме сега, солта е тешка за бубрезите. Барем до година да избуткаме. Јас ставам пашканат, магданос и не се толку бљуткави.