Вчера: Д: овесна каша со јаболко и суви сливи Р: компир, морков, пашканат, кромид и маслиново Денес: Д: палента со банана и суви сливи (нејќе само со банана изгледа не ми е по благо ) Р: телешко со батат, карфиол, кромид и маслиново
Д: тиква, јаболко просо Р: тел месо со боранија, зел тиква, цвекло и каефиол В: ад со бисквити и банана
Па давам плазма јас, нема никаква реакција од нив и си ги давам. Па мора да јаде нешто.. Хаха ПС. За денес еве: Д: тиква, јаболко и просо( од вчера имав повеќе) Р: шпагети со домати и моцарела сирење на хипп е кашата( првпат ќе давам таква каша) В: или ноќна хипп или палента со некое овошје
Мами, пасирана ли банана даваш или на парченца за ужина? Ние сме 10 + и има денови кога не спие многу и се мислам што давам како ужина. Кога спие е ок. Таман си е. Мислам со оброците. И дали педијатерот препорачува ужини.. Ние сега во април ќе одиме на контрола.. Па ќе прашам.
Да мила јас му давам домати ама од готови кашички, на сум купила за него, викам уште малку да излезат поубави. Па според таб од педијатерот ми е од 9 месец ама јас на 8 ипол почнав да давам. И нема никакви реакции. Планирам и блага пиперка и праз и краставица и зелка и грав, да воведам, еве тестенини без јајца и така. Ама не се брзам, да ги навикне постепено.. Ќе видиме како ќе биде. Досега се што сум дала јаде.
Тука на форумот од претходно имам прочитано дека бисквитите на хип со јаболко се без шеќер. Тие се веројатно најдобри за бебе затоа што сите други бисквити содржат шеќери. Ние сеуште ги немаме пробано, ама планирам да земам од тие. Ги има во Зегин.
Да ги има во зегин, ама јас од тие почнав да давам, видов дека нема никаква реакција и си продолжив. Има лино бисквити и хипп бисквити во зегин.
Најдобронамерен совет избегнувај да даваш плазма барем до 1 година. Содржат мед кој не треба да се дава ни во зготвени намирници, поради опасноста од ботулизам.
Д: Палачинки со банана, намачкани со путер + малку кива У1: Шмукалче јаболко - банана Р: Компир манџа со пилешко + десерт пола портокал У2: Домашни овошни бисквитки В: Лепче со путер, малку урда и домати
И се многу вкусни тие со јаболко Има две врсти од Хип. Тие што се за 6м плавите се со шеќер, а тие со јаболко жолтите се за над 1 година. Не знам зошто е тоа така, но тие за над година ем немаат шеќер, ем имаат подобар состав. И јас штом воведов глутен ги давав тие бисквити со јаболко, не за во каши туку онака да си ги лиже и грицка. Многу ги сакаше ги давав кога ќе шетавме или ќе седневме на кафе пример, една бисквита И беше како занимација, ќе ја гризеше истата еден час
Боранија 8м, грашаќ, леќа се потешко сварливи и затоа на 9м Само грашак кога ќе даваш откако ќе го свариш ќе го излупиш затоа што лушпата е тешко сварлива. Лесно се лупи само со стискање на зрното.
Вчера: Д: банана, авокадо, цреши Р: батат, тиквичка, брокула, карфиол В: просо со павлака Денес: Д: палента со јаболко и цвекло Р: телешко, компир, морков В: просо со ад на холе
8+ Д: Гриз, банана и јаболче. Р: Супа со пилешко, карфиол, брокула морков, пилешко, кромид и малце фиде.