Душа мала. И мојот батко беше ист, кашлаше, со темп, со "чешмата" пуштена на најјако, ама запчето уште го нема. Ќе мине за брзо.
8++ Д: Чоколаден пудинг од просо (просо, банана, малку какао) Р: Телешко со зеленчук В: Палента со грчки јогурт
Мајки по колку јадат вашите бебуши? Ние сме 6++ и јадеме доручек 130 до 150гр а вечера бидејки не сакаат многу зеленчукови каши јадат околу 120 а некад знаат и повеке..Дали е ок ??
Мамички на 5 месеци почнав со вкусови, до полни 6 му давав по пола мала тегличка, после 6 полни месеци почнав по цела мала тегличка, и домашни што му ги праев ги мерев така. Сега се прашувам дали со полни 7 месеци да воведам и втор оброк?
8++++ Д: банана, слива, авокадо и овес У: пола шмукалче (јаболко, круша и спанаќ) Р: мисиркино, тиква, брокула, пиперка, кромид, морков, ориз и мм В: во план пченка со овошје на хип
Д: јаболко, круша, банана, просо Р: тел месо со боранија, праз, роквица, карфиол, морков, брокула В : ноќна хипп или чоколино
Вкусно да, излапа бебе се. Кога и ја дадов така да ја јаде чиста 1/8 ми ја нејќеше, како да ќе поврати правеше. Не се осеќа со банана дека јак вкус има.
Блага пиперка од бавча . Имаме познаник што има на повеќе локации во Скопје ниви и одгледува зеленчук. Па од него си пазариме.
Изгубив волја веќе да му спремам јадење, секако завршува во канта или некој друг го јаде. 8+ Д: банана, бисквити и какао (две лажички едвај изеде) Р: остатокот од вчерашната каша
Не да губиш воља туку да бидеш по ‘креативна’ во правење каши.Искрено само јаболко и не е оброк,ниту пак ориз и урда би јадела јас не пак бебе,или брокула и пашканат.Даваш гледам често и фрутолино и такви слични.Можеби на бебето не му е така вкусно. Почни насабајле да даваш житарки.Големи сте веќе можеш да ставиш и боровинка и малина и капина.Додај кокосово м,или суво грозје,цимет. За ручек додавај на основата обавезно ‘зачини’ како целер,пашканат,кромид,лук,домат,пиперка,маслиново.Мн мн ке е повкусно. За навечер пробај со ноќните на хип.Мислам дека скоро секое бебе ги сака,како пудинг се. Млечни веројатно имаш воведено.Ставај к млеко со палента или лебче,моцарела можеш исто во комбинации,павлака пробај да ставаш во зеленчукот (за вкус).Имаш мал милион комбинации кои се ем вкусни ем нутриитивно богати. Се надевам не се лутиш на предлогот,не е со лоша намера.