Ставам скоро во секој ручек пашканат, млад кромид (свеж, така највеќе го сака), морков, само почнав да не ги пишувам покрај главната состојка. Палентата не ја јаде, ниту другите житарки ги сака (гриз, мулти греин на хип), а секое сабајле му правам заедно со овошјето, ама пошто не ги јаде, почнав во одделно чинивче да му давам, и на крај само овошјето го јаде. Кисело млеко му давам со лепче, ама мислев да не ме осудувате. А за шумското овошје, планирав да почнам да му давам. За циметот имав читано некаде дека е после 9, па не сум дала. Фала ти, ќе испазарувам после некои работи, па се надевам дека ќе му е повкусно од сега па натаму. Иначе истите работи си ги јадеше порано, сега не. Али забележав дека повеќе јаде кога му давам на парчиња и сам да си грицка. Не знам дали е паметно да почнам како мафини, палачинки или ќофтиња некои да му го спремам јадењето.
Слободно давај палачинки или мафини можат да ги изџвакаат. И мојов нејадач во последно сака да јаде такви "лебести" работи па низ нив му протнувам зеленчук. За житарките да пробаш со други чисто да му смениш вкус. Киноата има вкус на сусам, овесни снегулки ситни со јогурт потопени и некое овошјенце. Само предлог давам, мака е ептен кога џабе готвиш и фрлаш ама нема откажување ќе пројадат еден ден убав Во прилог рецепти ти пуштам за "лебести" варијанти. Да не сум офф Д: Овесни, крушка, суви кајсии и ц.цимет Р: Спанаќ, палента и кисело млеко
Мила ако бебе не сака класични каши и веќе си приметила дека сака парчиња, давај му, но не на сила. Само си кажува, си бара.. Моето сеуште јаде каши, некогаш нешто му давам пасирано.. Му давам за вечера ноќни, сега воведов и чоколино, и правам најчесто кога имам време каши. Ретко давам готови, ама ги јаде и нив. Воведи просо, овес, гриз,.. Просото со к мл е мн вкусно. Овес исто, може и со овошје. Ќе испробуваш некои комбинации. Поздрав и не обесхрабрувај, период е. Може запчиња му излегуваат. Ќе јаде пак.
Давав просо со кисело мл, па имаше реакција (не потврдија дека е од тоа), али ми се испонашаа у болница никако да не сум му давала птичја храна, и затоа прекинав. Гриз не сака ни да помириса. Уште овес немам давано, ќе пробам. Фала ти. @Mom's_life фала ти премногу, баш ќе ги испробам, сигурно ќе ги сака.
8++++ Д: кајсија, јаболко, просо У: во план грчки јогурт со вишни Р: во план батат, морков, кромид, брокула, тиквица, пиперка, пашканат и мм В: најверојатно палента со павлака
Д : од вчера, јаболко, круша, банана и просо Р: тел со компир, пченка и морков на хипп В: ноќна хипп јаб со бисквити
мојава од 5 и пол месеци јаде парчиња.Блендирано не сака со очи да види.Просо,ориз,грашок јаде цели зрна.Месо сечкам на парчиња.Банана сама гриза,исто и лепче.Се останато крупно пасирано.Она и вода не пие од шише туку од чаша за возрасни.Така да пробај..можеби и твојот не сака блендирано.
Тие ко баба ми. Коа дозна дека просо и давам, ми вика доктор нек једе просо, просо е за кокошке . Менито денес: Д: мултигреин со кајсија Р: тарана со брокула и моцарела В: овес со јогурт и банана
Како бре не си ни поблиску па да дојдеме ден два да ни објасниш некои работи. Ние цела недела гледаме видеа, читаме, прашуваме ....како да му ја дадеме првата каша. Па нем да се задави, па ова па она. Она парченца му давала. Со мераци те читам. Најмерак ми е оти имаш бебе сега па ќе бидеш активна во темиве. Ќе те удавам
Мама ај кажи бе како да дадам парченца или пасирано кога воопшто нема интерес за храна. Со сила давам блендирани каши. Ќе се шлапне со рацр во каша и сано ги гледа не ги ни носи кон уста. А осети дека не е скроз изблендирано дава знаци за давење.
Пишаното не беше за тебе не знам зашто се пронајде. Знам како е маката со не јадење. Од 18 месеци син ми еве го 3 ипол години 3 јадења периодично ги врти.
Исти сме мама, не сте сами. Интерес за храна никаков, омилено јадење, намирница - нема. Девет месеци е, ако не му дадеш нема ни да побара. Ќе пројадат кога тогаш. Он топик: Д: Банана, суви сливи, кајсии и две хип бисквити Р: Пилешко со просо, брокула, пиперка, кромид, путер
Да качува на килажа ич не му ја мислам. Дека и млеко не сака. Е тоа е полн погодок . Вчера сомелев хипп бисквити 6м+ шо се. Вкус грд некако. А и не се растопуваат убаво. Како ги даваш бисквитите?
Јас дадов од тие 12+ што се (со јаболко), поубав состав ми имаат. Иначе мелени, само ги измешав со овошјето.