Д: гриз со јаболко и цимет У: шмукалче- банана, круша, манго Р: ориз, спанаќ, жолчка, урда, кис млеко В: мулти греин со ад и банана
Д:ориз и тиква (готова каша на холе) + додадов банана и ад Р:телешко месо,батат,морков,целер и кромид В:палента,блитва и павлака
последните 3 дена -јаболко,плазма,капини и малини -пилешко,тиквица,морков,домат и макарони -ноќна каша -просо со малини и банана -спанаќ со компир ,целер и кромид -кус кус со кисело м -јаболко,суво грозје,бадеми,боровинки и бисквити -телешко ,брокула,карфиол и ориз -ноќна на хипп
Моето е мало за вечера ,знам. Но може ли да ми кажете /покажете какви се тие ноќни каши на хипп. Често ги читам и многу ме интересира. И од кога од прилика се даваат ако бебето почнало со вкусови на 4++. Нестрплива жена
Може објаснување како ги спремаш оброците?? Варено и пасирано? Просото и кус кус како??? Јас сум 29+2 бремена, но активно читкам
Зависи што Јагода капина малина боровинка не варам воопшто.Банана и авокадо исто не.Се останато од овошје и зеленчук варам па пасирам,или сечкам на ситно(блендирано не јаде ,не сака) Просото прво седи во вода неколку часа а после за варење му треба 15 тина мин.Брзо ја впива водата и набабрува. Кус кусот не се вари.Се полева со топла зовриена вода и така седи некоја минута додека не ја впие водата. Соодносот го има на секое паковање ама пошто варам/правам помала количина,така и вода од око секогаш ставам. Не знам што др те занима Прашувај слободно
Д: палента со жолчка, урда и кис млеко У: банана Р: киноа со брокула, спанаќ, цвекло, морков, тиквичка, кромид В: гриз со круша и јаболко
Од вчера: Д: просо, авокадо и банана Р: ориз, блитва, тиквица и жолчка В: палента со кисело млеко Денес: Д: гриз од спелта со јаболко и боровинки Р: телешко, боранија, морков, домат и пашканат В: овесни снегулки со тиква
Мајки во саботата и правев на бебе полнета пиперка со ориз,телешко м.месо,кромид,брокула и м.масло. Изеде само пола другото е во флижидер во затворен сад. Прашањето мие дали денес да ја стоплам и да и дадам за ручек или да фрлам? Вие давате ли храна подготвена од претхониот ден,во мојот случај пиперката е подготвена пред 2 дена?
Не давам храна подготвена претходниот ден, ама мислам дека полнета пиперка може да стои еден ден, втор ден не би ризикувала.
Д: просо, банана, сливи, кајсии и к. млеко Р: просо, морков, кромид, цвекло, пиперка и пилешко на холе
Д: јаболко, праска, слива У: шмукалче Р: мисиркино, батат, карфиол, пиперка В: ориз, ад, банана, цимет
Вчера: Д: гриз, јаболко, цвекло и урми Р: риба, морков и компир В:овес, банана и јогурт Денес: Д: просо, круша, праска и сува кајсија Р: телешко, грашок, батат, пашканат и кромид В: палента, спанаќ и кисело млеко