Може да дадеш, ќе помогне за исфрлање на шлајмот, ако го има. Исто е добро да се става по капка-две во носето, да се исчисти.
Pojadok- banana Rucek-modar patligan,tikvici so kombimacija corba od troski (site vareni so maslinovo)i malce kaskaval. Vecera-oris i pcenka. +ad mleko,voda,sokce.
Нашето мени за денес: Доручек: просо, цврст јогурт и круша Ужина: банана и јаболко Ручек: боранија,морков тиквица и 1/2 жолчка Доење пред и после работа и цела ноќ
Нашето мени кое беше џабе зготвено: Појадок: тиква и круша (ништо не касна, како и обично) Ручек: ориз, спанаќ и тиквичка (се залета на почеток, ама изгледа не му се бендиса, па додадов и морковче, ама пак не сакаше да јаде)
Има на златни брегов, во кантички е пишува цврст јогурт. Син ми го обожава. Го има по големите маркети.
^и ние го сакаме тој цврт јогурт. Јас му давам и од обичниот јогурт на з' брегов.. Поубаво ми се омекнуваат овесните снегулки во него
Нашето денешно мени: * Доење кога сака, колку сака! - Појадок (11:00-12:00) - Каша/ Авокадо и банана + кокосово масло * Доење кога сака, колку сака! - Ручек (15:00-16:00) - Каша/ Телешко мевце, компир, карфиол, пашканат, зелена пиперка и просо + маслиново масло * Доење кога сака колку сака! - Вечера (18:00-19:00) - Каша/ Кисело млеко и овесни снегулки (Помеѓу оброците парче јаболко во хранилка со мрежичка)
Нашето мени за денес: Доручек: оризови снегулки со јогурт Ужина: банана и круша Ручек: компир, пашканат, морков, кромид, телешко мевце и една капка зејтин Доење пред и после работа и цела ноќ
За денес: - појадок каша од круша, малку кајсија и едно лажиче јапонско јаболко - ручек батат, пашканат, млад кромид, карфиол и малку француски магданос - вечера овесни снегулки со жолчка и кис.млеко. Инсистирам да цица почесто зошто како тргнав на работа некако како да ми се намали млекото, градите нон стоп се како после цицање претходно што беа, освен кога ќе се вратам од работа
Денешното мени: -11:00 - каша од кајсија (мавнавме цело тегличе и не ни стаса) -12:00 - 1/4 жолчка со кисело млекце (прв пат пробавме жолчка и си ја излапка без роблем. Знам дека треба со осминка да почнам ама јајцето ептен мало беше и некако малку ми изгледаше па затоа направив со четвртина) -17:00 - морков маскиран со четвртинка јаболко (и тоа го излапкавме) Вечер околу 22:00 ќе јадеме каша со житарици. Подои 3 од сабајле до сега. ВОда 200 мл, свеж сок од круша,малку банана и јаболко 120мл. Некако се вративме во форма и сум среќна.
Pojadok-praska so jogurt Rucek-morkov i grasok so tarana i lebni troski Vecera-biskvit so sliva +ad mleko i voda
Ајде и ние да ви се придружиме во темава Денеска за прв пат пробавме кашичка од ЈАБОЛКО и пола си го изручкавме Во наредните два дена пак ќе бидеме на јаболче, а после преминуваме на морков
Не знам колку е исправно, ама ние на 9 месеци, јадеме се што има дома. Не приготвувам ништо посебно за неа. И за првото дете постапив вака. Децата на јатрва ми почнаа да одат в градинка на 9 месеци па воопшто не ги делеа во исхраната. Јадеа и манџи со запршка, маргарин, мармалад... За доручек мачкаме нешто задолжително, за ручек манџи а за вечера варива (макарони, палента, тарана)
Сега зимно време е не трбаат многу многу количките и време е да се исперат, како и со што ги перете ги расклопувате или? Сакам да ја изрибам малку .
Нашето денешно мени: * Доење кога сака, колку сака! - Појадок (11:00-12:00) - Каша/ Авокадо, круша, сливи и овесни снегулки * Доење кога сака, колку сака! - Ручек (15:00-16:00) - Каша/ Телешко мевце, компир, морков, брокула, пченка и млад кромид * Доење кога сака колку сака! - Вечера (18:00-19:00) - Каша/ Палента и кисело млеко (не знае колку му е доста) (Помеѓу оброците парче круша во хранилка со мрежичка) @Cacuvche си ја утнала темата!