7++ Д: Гриз со кајсии и кокосово масло Р: Батат, ориз, тиквица, домат, кромид и маслиново масло В: Гриз со кајсија(остаток од доручек) и плус банана
Не , не реков дека не смее. Јас оти поима си немам што и како и све ми е чудно. Дека јас не јадам и компир и ориз истовремено па си велам дали може на бебе да се даде така. Ќе дадам утре и јас тоа,да видам дал ќе го држи сит подолго време. Моево лапа појќе од 200 гр и бара уште и за 2- 2ипол часа пак е гладен
Компир и ориз се две намирници што прават запек. Јас не би ги комбинирала заедно. Едит: Сега видов дека Батат е во комбинацијата, така си е ок. Јас зборам за обичниот компир.
Наздравје да му е мајка. Си пробала житарка да додадеш во ручекот за повеќе да го држи? Тука низ форумот прочитав дека може така комбинација со просо или хељда. Мислам дека сме тука некаде со месеците и месо мама кога ќе почнат тоа би требало да ги држи повеќе. Мајка да чукнам во дрво сега нема никаков проблем со столицата. На почетокот кога почнав со вкусови со денови не излегуваше не пиеше вода се молевме за вода. Сега пие вода и нема мака што и да му дадам. Пак ќе речам пу да не го заречам. Ама ќе имам во предвид за следен пат со обичен компир.
Па само просо и овесни снегулки имам воведено и денес прв пат киноа дадов. Тие анЏак за доручек ќе ги вртам. Ајде, ќе почнеме и со месо за некоја недела па ќе има со што да нахранам мојто топче
Бубче лукот како го даваш? Јас уште ни кромид не сум дала а ќе морам расивкусизгледа пошомоево нејќе ништо бљунтаво односно зеленчук нејќе
Го варам на пареа и него колку да омекне и го гмечам како и другите намирници. Кромидот исто. Ама колку ми мириса бебето на лук, одвај се навикнувам на мирисот
Хаха, само нека си лапка бебе, ќе трпи мајка мирис, на здравје нека му е, утре ќе воведам кромид може ќе.пројаде малку и моево, па ќе воведам пашканат, со молење сме секој ден, повеќе е по благото односно овошје
Абе и моево појќе ги сака овошните. А тек па кога ќе му ставам цц Се тресе целиот од возбуда. Ќе се задави од што брза , па плаче ако не му дадам ОДМА нова полна лажица. И секое завршување со јадење ни е со малку плачки. Он би цел ден да јаде и вода да пие
Мајки од кога воведовте ужина и кога после појадок или после ручек? За неполна недела сме 9 месеци па се мислам
Ни цц не сум вовела уште, мислам дека е рано, ако нека си јаде дете со сласт. Ние и со какање имавме проблем,одма запек фати, па плачеше кога кака и се уште не му е сеедно кога треба да кака па го држам како на чучевац и само така кака сирото бебе...се надевам полека се ќе си дојде на место
Ја покасно воведов ужина, накај 9 и нешто. После доручекот му е, обично накај 12-1. Грицнува по малку овошје и јатки за ужина.
Д: киноа + праска + слива Најдов модус да ми јаде помала количина . Понакрупно пасирам На 170 гр затвори уста . Р: ориз + тиквица + лук
Ако е потечно, само голта и поголеми се шансите да изеде повеќе количински. Ако треба да џвака, да ја задржува повеќе време храната во уста, помалку ќе изеде. Али не мора да му даваш додека сам не затвори уста. Гледајќи го сега, мислам дека 170гр е многу за толкаво бебенце. Ама сепак вие си знаете најдобро.
Знам дека е многу. Ќе го намалам уште оброкот. И дефинитивно почнувам со покрупно пасирано, па со Господ напред
Ај машала ова е оброк и пол. Жив и здрав да е бубче ама поднамалувај, мноооогу е за таа возраст. Башка и со житарка. Ќе ги направиш топче и пол.