Ќути, се нервирам веќе и јас. Така со млекото имавме проблем, таман се средивме дојде на ред цврстиот оброк Ама па млеко ми пие само 4 пати по 120 мл. Ништо , еве сега за ручек ќе му измерам рамно 120 и ни грам појќе не давам па ако сака нека вреска до утре Немало пелени да трошам по толку пакети . Па по 4 -5 пати кака буцко мој
Колку оброци имате? Мојов еден и се уфурав дека 700мл млеко му е малку, се мислев денес да купам ад, мм ме предомисли
11 Д:киноа,кајсија,портокал У:праска,рибизли и урми Р:телешко месо,грашок,патлиџан,пиперка,морков и кромид В:палента и урда Ај некоја мама да ми пише рецепт за проја,мафини како спрема за беба (белка немаме воведено)
Ориз не се комбинира со ниту со компир, ниту со батат. Тоа е премногу скроб за бебе. На мала беба велики гурман ја прочитав оваа информација.
Во пројата ставам пченкарно брашно, палента, јогурт или кисело млеко, ќе ставиш од јајцето само жолчка, малку пециво + морков, урда, зависи шо имам дома Мафините со обично брашно и мелен овес, банана, жолчка, пециво и ако сакаш некое др овошје, пр морков и јаболко имам ставано. Само не би ти препорачала да ставаш праска, пробано, ич не е убаво.
Д: кајсија,јаболко и банана Р: Мисиркино месо ,брокула и тиквичка и малку маслиново, а вечера сеуште немаме. За 3 дена полни 7 месеци . Палентата како најчесто ја правите ?Се на вода или ?
Д: киноа + печена круша и јаболка + цц. Рамно 140 гр дадов . И немаше плачки Р : Батат + авокадо + целер Бататот може да се пече ?
Многу рано доручкувате. Кога станува бебуш? Иначе не ти предлагам да го печеш бататот, поарно свари го.
Во 8 е обично доручекот или малку поранко Он со мама станува. Во 05- 05:30 е кукурек. Затоа сеа ќе спие едно 3ч Да не пробувам да печам батат, а?
После месец и десетина дена . Ама јас само една недела давав по 2-3 лажички . Некако брзо ми пројаде цел оброк за доручек
Д: овесни со јогурт малини, цреши и вишни У: бисквити и банана Р: телешко, батат, пашканат, тиквичка В: гриз со млеко
Јас би одложила давање на кокосово, може дури таму после година дена. Има премногу заситени масни киселини што го покачуваат лдл холестеролот. Сеа океј е некад да се даде ама честа употреба ја не би.