Мајка јас од дм зедов во тегличка. Биокосмос. Нс топлово секако е малку стопено па директно од тегличката ставам неколку капки.
7+++ Д: Овесна каша со круша, јаболко и какао Р: Компир, тиквица, морков, домат, лукче и маслиново В: Банана со бисквити
7+++ д: Хип пченка со овошје р: телешко со карфиол и грашок(прв ден) ама неуспешно одвај 70тина гр изеде
Мама, едно нешто да ти кажам, немој да мериш грамажа. Секоја храна си е различна по состав и по енергетска вредност. Не е исто ниту возрасен човек да изеде 200гр месо или 200 гр цреши, а камоли па за бебе. А друго, не му е секоја храна исто вкусна. Различен вкус, различна текстура. Веќе е големко твоето, ако сте уште на блендирано пробај нуди му ја храната во различни форми. И трето, некогаш нешто ќе го мачи, па ептен ќе одбива да јаде. Можеби од жештини нема да сака да јаде. Твоето е познат нејадач ако памтам убаво, ама лошо си правиш на себеси, а и на него може натаму да му создадеш нездрава врска со храната ако го форсираш да јаде. Во ред е да бидеш упорна да проба од сѐ, сигурно ќе се најде нешто што ќе сака да го јаде. Ама сѐ додека е здраво и додека напредува, нема потреба да се грижиш толку многу. И да те прашам, си пробала ли да го седнеш со вас на маса? Да ве гледа додека јадете? Можеби ќе сака да проба од вашиот оброк. Ако го храниш со лажичка, пробај остави му маса или на хранилка, дај му во раче некое парче, нека го гмечи, нека проба да го стави во уста.
Мајка јас не бројам скроз точно, знам отприлика дека чинивчето ми собира 200 гр и по тоа се водам. Овошна јаде до кај 170/180гр а може и некогаш цела, а зеленчук отприлика 150гр. Совет исто и јас ќе ти кажам да не споредуваш вака за јадење, само самата притисок си правиш.. Се сложувам во целост со горно напишаното. Чисто како инфо, имам познаници што детето исто не им јадеше, се обратија кај мајката ката, и сега средија проблемот, само што си јаде специфични работи, не јаде се ( пример јаде само јогурт, јајца, ориз,урда, кашкавал и комбинации прават од овие за доручек/ручек/вечера )
Дефинитивно каши не сака. Периодов иноставам мали залчиња на маса и така зема и јаде. Ама јаде овошје, патлиџан . И тоа не е ни количински. Се секирам мама дека не качува на килажа. Скоро годинка а нема ни 8 кила. Да има килажа ич не се секирам.
7+++ Д: Multi grain од Хип со кајсија и круша Р: Ориз, тиквица, морков, домат, лукче и прв пат жолчка В: Остатокот од доручекот со плус банана и какао
Си пробала мафини, проја, мевце цепкано на парчиња дали ќе сака? А за килажава мојава поише од мене јаде, а на 10 ипол мес 7800 е.
Сега и давам само помеки парченца. Ова веќе една недела. Лажица не сака да смисли. Компир, брокула, тиквица. Овошје. Палачинки не сака.
10+++ Д: гриз со јаболко, сливи и цимет У: грчки јогурт со банана и праска Р: ориз, цвекло, брокула, тиквичка В: тарана, жолчка, јогурт
А јас како да го научам да фаќа храна и да јаде парченца?? Знае само бисквити и смоки да грицка, дури еднаш зема едно кругче бак ролс и изеде цело а се останато нема шанси , се трга веднаш.. Кашички јаде сеуште, деновиве катастрофа дека е настинат
Денес немав време за готвење па за доручек лапна готова каша на холе ( јаболко и праска). Вчера не ми јадеше многу ориз ( варен) и спанаќ . Само 100 гр изеде , одвај. Денес на мени ќе е инстант ориз на хип. Него си го ручка без проблем
Па супер е 100 грама како за бебе од 6 мес (ако не сум грешка). Ова на последната слика ми се гледа како да е многу. Го јаде оризот во комбинација со авокадо?
Самото бебе ќе ти дава знаци дека му се јаде еден оброк плус. Постепено на месец и пол отприлика се воведува втор па трет оброк. Не брзајте и не инсистирајте точно во овој период да вметните оброк. Само следете си го бебето.
Го јадеше со авокадо, да. Ама од тој инстантот. Поголема количина правам оти и јас ручкам од тоа На него нели почнав да му ограничува грамажа , макс 150 ако е само овошје или зеленчук пример без житарка , до 120 гр давам ако е со житарка