7м Д : просо + боровници + малини + малку банана. Р : компир + спанаќ + карфиол + кромид и лук + МР. Излапка све ама не јадеше со сласт. Коа нема месо јаде колку да засити душичката.
9+ Д: кускус и две нектарини У: 4 лино бисквитки со јаболко Р: купечка babylove кашичка батат, телешко, морков В: хипп нокна кашичка гриз со банана
9++ Д: овес и банана Р: компир мал, пола тиквица, пола морков, домат мал, кромид мал, телешко месо и маслиново масло В: планирам јогурт со среда лепче ако сака ако не бисквити со банана ќе биди хехех
8++ Вчера Д: овесни,диња,грозје Р: спанаќ,ориз,морков,кромид,г.јогурт Денес Д: банана,праска,цреши,гриз,г.јогурт Р: телешко,компир,морков,пиперка,кромид В: ручекот бидејќи ич не касна
11++ Д: мафин со банана, малини и путер од кикирики У: грчки јогурт и банана Р: мисиркино со батат, брокула и кромид В: палента со урда и кис млеко
Едно глупо прашање од мене. Тој грчки јогурт што го пишувате , каков е ? Демек јогурт купен од Грција или го има овде некаде ?
На Кри кри и Олимпус го има. Во поголемите маркети, а и во кам го има. Има со 0, 2, 5 и 10 посто масленост. Како павлака е пакувано во мали канчиња.
Да, со поголема масленост. Грчкиот јогурт е како павлака густ. А јогурт 3.2 на кораб трница. Повеќе к.млеко давам. П.с. не е јадачка мојата ич. Па кога не сака друго давам грчки или кисело млеко.
Моето нема пробано уште, 7+ сме, сакам за една недела веќе да почнам со јогурт,павлака,урда, малку да збогатиме мени, се тоа па тоа јаде од зеленчук. И мевце сакам за 1,2 недели да почнам со мисиркино барем
Јас би ти препорачала со кисело млеко, јогурт и несолена урда да почнеш, а павлака покасно дека е ептен помасна.