1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешното мени (за бебиња до 1 година)

Дискусија во 'Бебе' започната од girl1985, 9 август 2012.

  1. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    вчерашно мени:
    06.00ч 230мл нан 2
    10.00ч банана со џиџи бебе 200 грама
    14.00ч. јагнешко со морков домат и компир и боранија 200 грама
    18.00ч ванилино 200 грама
    21.30. 230мл нан 2

    денешно мени
    06.00ч нан 2
    10.00ч банана и тиква 200 грама
    14.00ч тикве со ориз и 1/2 жолчка и павлака 200 грама
    18.00ч лешник чололино 200 грама
    и во 21.30-22ч млекце и нанење
     
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Вчерашно мени
    7.00-доење во спиење
    9.00-млечна каша Милупа пченка и ориз
    12-домашна овошна каша слива и јаболко
    14-доење за успивање
    15-доење во спиење
    (вчера се дупна од спиење-2и пол саати)
    16-домашна зеленчукова каша-тиквичка, морков, пашканат, малку путер
    18-доење
    20-фрутолино со пола банана (не му се допадна)
    22-доење за успивање
    -во текот на ноќта 3 пати доење
     
  3. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    8.00- ад 180мл
    11.00 ад 180мл
    14.00 овесни снегулки тиквичка и телешко домашна каша а после
    17.00 ад 180мл
    19.00 овошна каша ке видам од што али најверојатно јабука
    21.30-22.00 ад 180
     
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Неделно мени.
    Намерно пишувам за цела недела за да евентуално некому му послужи нашето мени и за да не биде пост врз пост.

    недела-03.02
    -овошен јогурт Хумана 6+
    -домашна овошна каша од круша
    -купечка каша со телешко месо Хипп
    -фрутолино

    понеделник-05.02
    -млечна каша на Милупа со ориз и пченка 4+
    -домашна каша од круша +2 лажички кексолино
    -купечка Хипп со телешко месо
    -ноќна каша Хипп со банана и гриз без глутен

    вторник-06.02
    -фрутолино
    -домашна каша тиква +2 лаж. кексолино
    -домашна зеланчукова каша-тиква, тиквица и морков
    -ноќна каша Хипп со банана и гриз без глутен

    среда-06.02
    -овошен јогурт Хумана 6+
    -домашна каша тиква, јаболко и круша
    -домашна зеленчукова каша тиквица и морков
    -млечна каша Милупа со ориз и пченка 4+

    четврток-07.02
    -фрутолино
    -домашна каша од јаболко и крушка
    -домашна зеленчукова каша од мелен ориз, спанаќ, морков и малку путер
    -за вечера-најверојатно мелен ориз со банана или пак Милупа-ја обожава син ми.

    Првиот оброк е околу 9ч (овој подој веќе го заменувам со цврста храна бидејќи после ноќното цицање немам доволно млеко, а одложувам колку можам повеќе да купам АД.),
    вториот-овошен-12ч, третиот-зеленчук-16ч, и четвртиот-19/20ч.
    Заспивање со доење околу 22-22.30ч.
    Измеѓу оброци доење, доење во спиење и во текот на ноќта 2-3 пати доење (околу 01ч по полноќ, 04ч, и наутро во 7ч.)

    Денеска правиме 7 месеци :) и секој ден му готвам.
    Деновиве ќе му дадам и јогурт/кисело млеко да проба, па палента.

    Инаку купив и пченкарни снегуки т.е. корнфлекс на Виталиа, а во нашиве маалски маркети (СП, Тедико, Жито, Стоко) нема ниту овесни ниту оризови снегулки на Виталиа.
    Каде да најдам...има ли во Веро или пак негде во Сити мол(Карфур)? :?: -денес одам натаму па да побарам.
     
  5. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    lolyta777 кажими спанаќот како го правиш го вариш или ?
     
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Да го варам. Еве цела подготовка на две оброчиња. :)

    1. Спанаќ, морков и компир
    Во тенџерче прво ставам едно помало морковче да се вари сецкано на тркалца и компирче исто сецкано на ситни коцкички. Малку ќе омекнат па го додавам и спанаќот-2-3 листа претходно покиснати едно 30 мин. во топла вода со неколку капки лимун.
    Варам се` заедно додека убаво не омекне морковот/компирот. Оставам малку да се излади, додавам путерче, од водичката по потреба и блендирам.

    2. Спанаќ, морков со мелен ориз
    Истото од горе само без компир, место компир-ориз.

    Варам и мелен ориз-во 200мл. вода што врие додавам 2 мали лажички мелен ориз (претходно растворен во малку млака водичка за да не прават грутки, исто како пудинг). Варам и мешам едно 10-на мин. Малку да се излади и потоа зеленчукот заедно со оризот ги блендирам. Додавам и малку путер и водичката од зеленчукот по потреба.

    едит-во кашичката може и малку јогурт или кисело млеко да се додаде бидејќи малку е блуткава.
    Ете Моира дополнила, фала мамичке. :)
     
  7. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    благодарам што би рекла на турски teşekkür
     
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Спанаќот нема потреба да се вари мајчиња, само треба да се обари, зошто со варењето се губат сите хранливи материи. Во контекст на тоа, овој зеленчук МОРА да се комбинира со нешто млечно (како кисело млеко) за да се уништат оксилатот, т.е. да се сврзе со калциумот за да се создаде калциум оксилат и како таков да се исфрли од организмот. Ако не се врзе, останува и може да предизвика проблеми со бубрези...
     
    На Annath, DeMelo, pepita82 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    ние денес папавме:
    06ч млеко
    10ч банана кајсија и 1лажица кексолино
    14ч јагнешко мевце, компир морков домат и карфиол
    18ч млечна кашичка од хип банана и праска
    21ч млекце и ќе наниме
     
  10. KENdra

    KENdra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Лолита 777 нашите бебушки на ист ден се родени 7 јули 2012 :D баш се израдував кога прочитав :D
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    ^ Лолитке сегде ги има и во Тинекс и во Кам се најевтини 39 денари жолто паковање.
    На Виталија јас ги земам 4 интегрални жита, корнфлексот е понедзрава варијанта затоа што е индустриски препработен, а додека овесните снегулки, ржаните и останатите зрнести се само пресовани, во природна форма :)

    ^^ за спанаќот не знаев, а од дете секогаш сум го јадела со јогурт или кисело млеко, не ни можам чист, а среќа и на малиот со кисело млекце му го давам.
    И уште ова да го спомнеме иако скоро сите знаат, да не се притоплува, секогаш гледајте правете онолку клку што сметате дека на првото јадење би се излел ;)
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Овесните снегулки во кам мене искрено воопшто не ми се допаѓаат купив еднаш за мене и никогаш повеќе во нив најдов како лишпици нешто кои боцкаа земам на виталиа сега подобри се каде каде
     
  13. feeling

    feeling Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    23
    здраво
    прочитав неколку страници и одлучив и јас да се приклучам,па ве молам кажете ми ако нешто не е во ред со менито на мојот син кој има 6 месеци и 15 дена.
    вчерашно мени
    7 и 30 млеко 150 мл
    10 - пола банана пола јаболка 2-3 бисквити и 50 мл млеко (со блиндер миксирани) и 30 мл вода
    околу 13 часот - 150 мл млеко
    16 часот- 120 гр зеленчукова каша(или домашна или купечка) и 30 мл вода
    18 часот - 100 мл млеко
    20 часот- 150 гр ночна каша
    22часот 150 мл млеко
    и преку ноќ станува еднаш накај 3 и пие 120 мл млеко

    мислам дека малку млеко ми пие , незнам вашите деца колку млеко внесуваат преку ден.
    сок не сака да пие ни 10 мл.
    што мислите дали е ова доволно за него.
     
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Мислам дека доволно му е.
    Син ми има 7 месеци и една недела и некогаш едвај јаде по 120гр. каша, без разлика дали е овошна, зеленчукова или млечна.
    Колку сака толку, не го терај со сила да јаде, не секогаш е исто гладен, некогаш помалку, некогаш повеќе ќе јаде.
    што се однесува за млекото некаде прочитав дека доволно му е на бебе околу 500 мл. млеко, ако грешам некој нека ме исправи.
    Моето уште цица, сок никако не сака, а вода едвај по некое лажиче. Немам појма што ќе правиме летоска ако вака продолжи да не пие течности. :?:
     
  15. bitol4anka

    bitol4anka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    32
    нашето мени е
    8ч - млеко 150 мл.
    11ч - кашичка 120.
    12.30ч - чајче или сокче не ми прај проблем си пие чај стално.
    14.30ч - цицаме.
    16.30ч - банана блендирана.
    17.30ч - млеко 150 мл.
    19ч - чајче за добра ноќ.
    20.30ч - млеко 170 мл.
    и за цицање ми станва 2 до 3 пати.зависи кога како.
    инаку уште 9 дена 6месеци.поззз
     
  16. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    9.30 180 ад
    12.00 180 ад
    15.00 200гр пченка+морков+младо кромитче+ориз све у блендер
    18.00 или ад или зитарици со ад
    20.00 овошје било кое
    22.00 ад хумана за добра ноќ екстра е млекото 180мл
    а у мегу време чајче го љушти цистерна да и паркирам ке ја испие :)
     
  17. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Неделно мени-продолжение

    Петок-08.02
    -млечна каша-Милупа со ориз и пченка
    -домашна овошна каша од слива и јаболко
    -домашна зеленч. каша од морков, тиквица и компир+малку путер
    -фрутолино

    Сабота-09.02
    -домаш. овошна каша од тиква, јаболко+2 лаж. кексолино
    -кисело млеко 100 гр.-првпат пробуваме, ни се допадна :)
    -купечка Хипп каша со телешко месо 5+
    -Милупа со ориз и пченка

    Недела-10.02
    -кисело млеко-100 гр.
    -овошна каша од кајсија на Хипп
    -зеленчукова каша на Хипп со телешко месо 5+
    -фрутолино

    Понеделник-11.02
    -овошен јогурт Нестле 6+ (без глутен)
    -домашна овошна каша јаболко+тиква
    -домаш. зеленч. каша карфиол, тиквичка, тиква
    -Милупа со ориз и пченка 4+-омилено му е.

    Вторник-12.02
    -овошен јогурт Хумана 6+
    -домашна каша од јаболко+кексолино
    -домашна зеленч. каша од карфиол и тиквичка
    -фрутолино

    Среда-13,02
    -кисело млеко+1/2 пасирана банана
    -домашна каша од слива и јаболко
    -домашна зеленч.каша од компир, морков и карфиол+малку путер
    -млечна каша Милупа со ориз и пченка

    Четврток-14,02
    -кисело млеко 130 гр.
    -домашна каша од слива и јаболко
    -зеленчуковиот оброк го преспа, всушност го заменивме со доење во спиење
    -Хумана гриз и ванила 4+

    Петок-15,02
    -јогурт+1 лаж. фрутолино
    -домашна каша од јаболко и морков
    -домашна каша од морков и карфиол
    -за вечера најверојатно или Милупа или Хумана-гриз и ванила

    Измеѓу оброци доење, многу малку вода по некое лажиче со сила, сок и чај не сака. Сите оброци се во одприлика исто време и на некој начин си воведовме ред со хранењево.

    Крушата ја исфрлив од мени затоа што му прави запек и детето си има голема мака при олеснување :lol:, а купечките каши од праска не ги сака, па изборот на овошје е не ни е баш голем.
    А од зеленчук грашок и брокула планирам веќе наредната недела да му воведам, исто и жолчка па ќе имаме и побогато мени, а со полни 8 месеци и боранија.
    Што се однесува до глутенската исхрана и житарки со глутен ќе почекам барем уште една недела.

    Имаме 7 месеци и 8 дена. :)
     
  18. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Јас незнам дали има некое друго дете вака цело време ненајадено и пишти за храна,нема да помине јадење а он да не плаче за уште, се роди 4.500 сега на први ќе прави 8 месеци и има 10кг.
    Си има обравчиња и кој го види само ми викаат буцко ме фаќа страв да не го гојам детево и сега ке ви пишам какво е едно наше дневно мени ,па дајте ми совет дали доволно му давам или премногу .
    Станува во 6 му давам млеко 180мл Нан 2
    9.30-овошна кашичка јаболко со слива домашно направени со житарки 150г
    12-млеко 180мл Нан2
    15-зеленчукова каша домашна компир или ориз,со брокула,морков ,спакнаќ кога како со по две лаж кисело млеко 180г до 200г
    18-млечна кашичка од нестле или гриз со ванила 180г
    20.30-млеко 210млНан пред спиење
    Во текот на ноќта се буди еднаш и пие 210мл млеко .
    Во текот на денот сок ,вода и чај со молење да се напие до 30мл едвај.
    Значи при секое јадење од оваа наведена грамажа он уште плаче за јадење јас не попуштам мислам дека му е доста,незнам што да правам ај ве молам за совет.
     
  19. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Па што знам големи сте се родиле може и не е толку дебел за 8 месеци зашто ако на година триплира испаѓа да биде 3*4500=13.500 единствено јас би ги правела млечните каши заради можност од додадени шеќери кои влијаат на тежината и толку .Сакав да вепрашам ние уште некои си 2-3 недели ќе смениме оброк имаме сега 6 оброци 4дневни 2 ноќни на 4 саати да го следам овој распоред или некако да напраам 5 дневни за да укинам некако еден ноќен ако иде заради тоа што овошјето нема да ја држи па има шанса да ми побара млеко по овошјето на помалку од 4 часа . Совет некој?

    П.С и ние сме вечно гладни :D
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Леонтина, ќе го укинеш ноќниот оброк. Инаку, не верувам дека вие ќе ја триплирате тежината на годинката, башка што не е препорачливо, килажата од 13 кг ја имаат деца на година и пол, некои и на две. Како и да е, наместо 210мл млеко, што е многу за ноќен оброк, понуди му вода или незасладен чај. Мораш да бидеш упорна, ќе плаче неколку вечери за млекото, потоа ќе сфати дека нема да добие, и ќе почне да ја преспива цела ноќ без будење. Колку и да плаче, не смееш да попуштиш, знам дека не е лесно да се слуша детето кај што плаче, ама ќе помине и тоа. И можеш меѓу зеленчукот и млечната каша да му дадеш некое овошјенце како ужинка (иако овошје не се препорачува после 16 часот), колку да го оддолжи оброкот со млечна каша барем за еден час, да му го даваш некаде околу 19, 19:30 најдоцна, затоа што тоа после ќе му биде класична вечера.

    Пепуш, 4 оброци дневно малку се, посебно за бебе кое е само на млеко. Треба да има најмалку пет оброци, на три часа. И ако веќе мора ноќен оброк, нека биде еден, ама најдобро е ноќе да не даваш ич млеко, ако се буди, дај вода или незасладено чајче. Кога ќе замениш оброк со овошна каша, тоа нека биде наутро - час и пол до два после првиот оброк млеко. Ама зависи и кога станува наутро, ќе си направиш распоред според бебето.