Значи може да го направам со адд. Не сакам често овошје да му давам за вечера. А дали па може милтигреинот да се даде со кисело млеко/јогурт? Или не иде таа комбинација
Може ама не знам каков вкус би имало. Јас давам банана за вечера, водејќи се по тоа што во ноќните каши често има банана.
Давам и јас банана, и круша /јаболко. Ама те нели да смениме малку Ич немам идеи за вечера А тек па ужинки коа ќе треба да давам. Ќе спобудалам
Мајки како го спремате месото а да не мора да го готвите секој ден негде прочитав варено мевце во тегли колку за еден оброк да го замрзнам со се вода ама дали е вака убаво?
Јас го замрзнувам варено. Мерам парче колку за еден оброк и го ставам секое во посебна ќесичка. Од водичката замрзнувам во ќесенце за мраз па вадам по една коцка ако ми треба. Ама обично сварениот зеленчук пушта водичка па не ја користам често замрзнатата.
Ја го варам целото на коцки и го мрзнам во повеќе кеси за пакување по 3 парчиња во секое. Е сега многу ќесиња морам да користам на овој начин, ама до сега ми се виде најпрактично. На крај сите си ставам во едно ќесе за пакување и од тоа само си вадам по едно кога ми треба. И малку место ми зафаќаат во фрижидер.
Вчера 8+ Д: просо + кајсија + капини + смоква Р: батат + тиквица + модар + карфиол +јајце ( цела жолчка и малку белка) + моцарела В : семолина + адд + 1 бисквита Некни ми паднало едно колаче запче во игротеката , го нашол и го изел појќе од пола. Го оставив на 5 мин сам , не ми се веруваше што затекнав коа влегов у соба Белка воведена успешно без реакција Денес Д: спелта + манго + малини + боровница. Р: зајачко + ориз + спанаќ + брокула +целер + лук. В :ноќна Хипп со јаболка
Откако бебето ќе почне да јаде парчиња може да се даваат и тестенини. Ако е на блендирана храна нема логика да се даваат. Ги давам со млечни производи и/или сос од зеленчук.
,на парчиња сме или со виљушка му ги гмечам не ми сака блендирано сака сам да фаќа ја истражува сам хтаната.
Фусили од 7 негде давам, а може и 6 да беше, не памтам. Има едни големи, сама ги држи, лесни се за фаќање. Ги правам со различни сосови, најчесто сосот го шмука не дека се тепа по тестенините, ама џвака она, плука ако и дојде големо. Имам видено шпагети дека им ги сечат со ножички не знам ова колку е безбедна опција.
Кое време ја давате кашичката на 5+.. јас во 9 им давам млекце а после кај 12 кашичка. Читам дека како доручек се дава кашичката .Инаку освен во 12 им давам и лак кај 18 чиста овошна како десерт
Која Моцарела ја даваш? Ние од кам ја јадеме ама гледам има сол 0.50г на 100г што мислам дека е многу за бебе
11м Д: просо, банана, боровинки и какао Р: полпети од ослиќ и печени компири В: ноќна на хип и малини
Д: спелта + тиква + боровинки + капини. Р: ципура + компир + лук + тиквица + морков В : палента + грчки јогурт + путер