Ципура и пастрмка, почнав од 8+. Прво во готвачот на пареа ја спремав , од 9м почнав да ја печам во фолија заедно со морковче, компир кромид ... Многу поубав ми е оброкот со печена риба
Од вчера: Д: Овесни снегулки со јаболко и цимет У: Круша и праска Р: Леќа, морков, кромид и пиперка и мм У: Доење В: Јуфки со домат
Од оваа недела Д: Гриз со банана Р: Компир, кромид, морков, модар патлиџан Д: Јаболка, батат Р: Петле, морков, брокула, инстант ориз Д: Овесна каша, јаболка, праска Р: Праз, тиквица, морков, батат, морков Денес Д: Киноа, јаболка, круша, малини и капини, цц Ручек немам смислено
Мајки како воведовте јајце 8м сме и јас сум ептен наука во врска со готвење и општо храна (не сум некој јадач) комбинирам од некои основни намирници доручек и ручек но во принцип се само кашички, со што да почнам да давам парчиња освен банана се друго ни е со лажичка, исто да прашам кога давате месо дали зеленчукот го варите заедно или одделно од месото
11 Вчера: Д: Палента со кисело млеко У: Грчки јогурт со јаболко Р: Телешко со батат, брокула, домат и лукче и несолен путер У: Доење В: Бејби сутлијаш Денес: Д: Јајце со урда У: Праска со плазма Р: Леќа, морков, домат, кромид, пиперка, зеље и мм У: Доење В: Просо со банана и какао (во најава)
Истерав цела недела со на @Knizhevnik11 менито Си направив и јас Денес 9+++ Д: јуфки , моцарела ( конечно најдов у Лидл топчиња ) и КМ. Р: ципура , батат , тиквица , целер , лук и мр. В : р'жани снегулки во адд + путер лешник . Д: просо , кајсија , слива , урма Р: зајачко, булгур, карфиол , модар,кромид и мм. В : овесни с, јогурт и боровници Д: крупник, авокадо, манго , лист кокос Р: батат , тиквица , спанаќ , јајце , КМ. В : ноќна Хипп бисквит Д: киноа шарена, банана, вишни и цреши Р: телешко , леќа зелена , компирче, кромид , брокула , путер В : семолина , КМ и малини Д: гриз , праска , аронија и тиква Р: петле, хељда, печена пиперка , домат , пашканат и морков , мр. В : Мултигреин со адд + јаболко Д: , банана, круша, авокадо , урми и путер кикирики Р: кус кус со болоњезе В : ноќна Хипп со слива Д: амарант + спелта + капини + рибизла + јаболка Р: палента + јајце + путер + КМ + моцарела В : гриз + круша + агаве
Мајка цело јајце даваш? Ај оваа недела јас ќе одам по твоето мени Мојов овој булгурот ич не го сака. А од путерот со лешник се нафрла.
Давам белка ,да . Ама Не целата од едно јајце . Околу една третина белка и цела жолчка давам . Булгур можеш со хељда да смениш или па со јачмен
Штом ти е воведено јајцето , за вечера можиш да си вметниш палачинки , мафини , проја . Ќе си вежба фингер фуд повеќе со овие и друга структура на храна. Јас тоа кутиите и ноќните каши ич не ги сакав/м , или ад/млеко со бисквити ич не ми е оброк посебно за бебе А општо супер ти е менито , се гледа се трудиш баш разновидно за појадок и ручек посебно И јас така си пишев однапред и раат си , се си е дадено што треба.
Направив еднаш мафинки, јадеше ..ама нормално поспоро и ми се засркна малку . Па коа списка татко му лом ме направи . И строго ми забрани така да го хранам , мал бил , бебе требало да јаде каши . А за ручек и доручек дека не ме гледа му давам скроз крупно пасирано па дури и парченца Ама да ги дотрошам инстант кутиите ( бааѓи имав) и од НГ не давам веќе ништо инстант
Нормално е тоа ич не се коси , ти си до него ќе реагираш одма недај боже ако треба. Ама нормалнпо е на старт такви појави , они си имаат веќе и рефлекс и сам ќе се труде да плукне. Сите сме се соочиле со тоа , некои членки тука уште од 6м се по блв методи и фингер фуд. Бркај го мж ти да бара нешто кога го храниш Плус маливе доста уживаат да се ранат (шлапаат со храната ) сами , како што си тераш премини на парченца поеќе и ќе свикне. Овошки , зеленчук сечи му на соодветни форми и големина , пошто наеднаш ќе пика во уста Дури го храниш оставај од тоа што има во кашата , на парчиња на хранилка , и нека зима и сам , ќе се изненадиш колку брзо ќе совлада се. Аа и дека ќе е поспоро , да ќе е , може и еден саат да се раните така што се вика на старт Кашата лапни-голтни им е , и набрзинка оде , а сега нема така
Мамички за некој ден полниме 9 дали да дадам белка и во кои комбинации, жолчката си ја кркаме цела, сакам и сирење да понудам дали смее abc сирење? Дали давате супа? Се извинувам на долгиот пост